Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
31.10.2014
Денес истекува првиот рок за воведување на фискален апарат со ГПРС уред

На последниот ден пред истекот на првиот рок, 3958 обрзници успешно регистрирале 9100 фискални апарати со ГПРС уред.
И покрај постојаните апели од УЈП упатени преку средствата за јавно информирање, како и доставените персонализирани известувања до даночните обврзници за навремена регистрација и воведување на фискален апарат со ГПРС уред, околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат отпочнато оваа постапка.

Потсетуваме дека во првиот рок до 31 октомври 2014 година обврска да воведат фискален апарат со ГПРС имаат даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзници кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). Вториот рок е 31 јануари 2015 година, а се однесува за сите останати обврзници.

Законот предвидува времена мерка забрана за вршење на дејност и парични глоби за правното лице и одговорното лице, доколку немаат воведено фискален систем со ГПРС.

Корисни информации

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија