Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
20.09.2016
Даночните услуги во општина Илинден и Гази Баба достапни преку Мобилните даночни шалтери

Даночните услуги во скопските општини Илинден и Гази Баба ќе бидат достапни преку Мобилните даночни шалтери, наместо како досега преку постојаните даночни канцеларии во општинските згради, кои повеќе нема да бидат во функција.

Граѓаните и фирмите од овие општини и понатаму ќе можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку Мобилните шалтери, вклучувајќи достава на сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и подигање на сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.

За возниот ред на Мобилните даночни шалтери, можете редовно да се информирате преку веб страницата на
УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici или преку Инфо центарот 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија