Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.10.2016
Пријавете ги приходите од издавање под закуп на движен и недвижен имот

Ги информираме граѓаните дека во рамките на Планот за управување со усогласеност со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, во наредниот период УЈП ќе спроведе низа активности, пред се од едукативен карактер, со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски, но и преземање на мерки за намалување на сивата економија насочени кон високо-ризичните даночни обврзници, каде УЈП има детектирано непријавување или нецелосно пријавување на остварените приходи од кирии.

Пријавете ги приходите од издавање под закуп/подзакуп на имот и имотни права!
Приходите остварени по основ на закупнина (издавање на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендици), опрема, превозни средства и други видови имот) подлежат на оданочување со персонален данок, и граѓанинот има обврска да ги пријави во УЈП. Со поднесување на Аконтативна даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права (образец ПДД-АДП/ПИ), во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите. Кон Пријавата задолжително приложете го и Договорот за закуп.

Како и каде да поднесете Аконтативна даночна пријава ПДД-АДП/ПИ?

  • Образецот ПДД-АДП/ПИ преземете го преку http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/26
    Пополнетата пријава поднесете ја во даночните канцеларии, според местото каде се наоѓа имотот кој го издавате, односно во Контакт центарот во Скопје без разлика каде се наоѓа имотот или преку пошта. За точна адреса и локација на даночните канцеларии кликнете http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt/makedonija
  • Доколку сте регистриран корисник на системот е-Даноци, пријавата пополнете ја он-лајн и поднесете ја електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

Даночни олеснувања кај приходи од имот и имотни права (закупнина)
На даночниот обврзник му се признаваат следните даночни олеснувања:

  • 25% од висината на приходот
  • 30% од висината на приходот - при издавање под закуп на опремени станбени и деловни простории или
  • стварните трошоци - документирано докажани (по барање на обврзникот).

Пример: Пресметка на данокот на бруто-основа
1. Износ на месечна бруто-закупнина.............................................10.000
2. Признати трошоци (10.000 х 25%)..................................................2.500
3. Даночна основа (ред.бр.1 – ред.бр.2)............................................7.500
4. Даночна стапка...................................................................................10%
5. Персонален данок на доход (ред.бр.3 х ред.бр.4).............................750
6. За исплата (ред.бр.1 - ред.бр.5).......................................................9.250

Граѓаните кои оствариле приходи од закупнина во 2016 година, покрај обврската за поднесување на Аконтативна даночна пријава, треба да поднесат и Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП) најдоцна до 15 март 2017 година.
За граѓаните кои со задоцнување или воопшто нема да поднесат Аконтативна и/или Годишна даночна пријава во законските рокови, предвидена е глоба за сторен прекршок од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

За повеќе информации во врска со пријавувањето на приходите, пресметка и плаќање на данокот преземете ја Брошура „Оданочување на приходи од имот и имотни права (закупнина) http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/7

Регистрирајте се за ДДВ доколку остварувате над 1 милион денари од издавање на имот под закуп кој не се користи за станбени цели
Граѓанинот кој трајно или повремено врши стопанска дејност, односно се занимава со издавање под закуп на движен и недвижен имот има обврска да се регистрира и за ДДВ, со поднесување на Пријава (образец “ДДВ-01”) во даночните канцеларии или електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

  • Доколку сте оствариле вкупен промет над 1.000.000 денари од издавање под закуп на движен и недвижен имот во текот на 2016 година, имате обврска да се регистрирате за цели на ДДВ најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога сте го оствариле прометот.
  • Доколку со склучениот договор на почетокот на издавање под закуп на движен и недвижен имот се предвидува дека ќе остварите вкупен промет над 1.000.000 денари во годината имате обврска да се регистрирате за цели на ДДВ во рок од 15 дена од почетокот на вршењето на стопанската дејност (од почеток на закупот на земјиште, деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација - викендици, опрема, превозни средства и други видови имот).

Напомена: Прометот од издавање под закуп на станбени објекти и станови кои се користат за станбени цели не подлежи на оданочување со ДДВ.

За повеќе информации во врска со регистрацијата, пријавувањето и плаќањето на ДДВ види http://ujp.gov.mk/mk/vodic/category/141

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија