Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
08.05.2020
Одржана прес конференција за Владините мерки кои се спроведуваат преку Управата за јавни приходи

Денес во Медиум центарот на Владата на Република Северна Македонија Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одржа прес конференција посветена на анти - кризните мерки што се спроведуваат преку Управата за јавни приходи
На почетокот Директорката истакна дека тимот на УЈП активно се вклучи и го даде својот придонес и експертиза при креирањето на мерките, а продолжи и понатаму посветено да работи на спроведување на мерките во сите фази почнувајќи од поставување на соодветните обрасци на електронските платформи (е-даноци, е-пдд), софтверско прилагодување на системите, фазата на прием и обработка на поднесените барања, како и достава на точната евиденција до институциите кои се надлежни за исплата на финансиските средства.
,,Сакам јавно да се заблагодарам на вработените кои неуморно работеа сиот овој период се со цел да излеземе во пресрет на оние даночни обврзници на кои најмногу им е потребна оваа помош. УЈП го продолжува партнерскиот однос со граѓаните и бизнис секторот а во време на здравствено-економска криза покажавме дека интересот на граѓаните, стопанството и државата е на прво место. Помагаме за намалување на негативните ефекти од кризата.” – рече Лукаревска

Согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, во Управата за јавни приходи заклучно со 07 мај 2020, за месец април поднесени се вкупно 23 861 Барања (образец БФП-ИП), а се однесуваат за 21 542 компании. По нивната обработка ќе се достават до Генералниот секретаријат на Владата на РСМ од каде ќе се врши исплатата на средствата за месец април 2020 година.
Од вкупниот број на поднесени барања 2.377 барања се од Угостителската дејност, 253 се Туристички агенции (ТУР оператори), 2177 се од дејноста транспорт, 258 се од објекти за сместување, а 16 625 се од останатите дејности.
Физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец-поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење на дејност и е запишано во соодветен регистар), под одредени услови може да остварат право на финансиска поддршка за исплата на финансиски средства со поднесување на Барањето образец БФС-СВД до Управата за јавни приходи преку Е-ПДД.

Досега се поднесени 5.840 Барања БФС-СВД.
Оваа група на даночни обврзници поднеле 2.164 Барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 (БФП-ИП) за своите вработени од кои: од Угостителска дејност – 369 барања, објекти за сместување -11, Туроператори -1, транспорт-136, и останати -1.647.
Преку Уредба со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, сe овозможува на работодавачите за месеците април, мај и јуни 2020 за секој осигуреник да користат субвенција за исплата на придонесите од задолжително осигурување, најмногу до 50% пресметани на просечната бруто плата по работник во РСМ, според податоците на Државниот завод за статистика објавена во месец јануари 2020 година. За оваа мерка работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително осигурување (образец БС-ПЗСО) до УЈП, преку системот е-Даноци, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 5 дена од доставувањето на барањето.

Согласно Уредбите за примена на Законот за данок на личен доход во време на вонредна состојба и Уредбата за примена на Законот за данок на добивка, во време на вонредна состојба, се предвидува одложување на плаќање на месечните аконтации по основ на данок на личен доход и данок на добивка. Овие мерки даночните обврзници ги користат преку поднесување на Барање (образец ДЛД-ОМА) и Барање (образец ДД-ОМА) за месеците март, април и мај 2020 година. Вкупно 816 компании поднеле барања (образец ДЛД-ОМА), од кои 597 барање се прифатени, а 1019 даночни обврзници поднеле барање образец ДД-ОМА од кои 747 барање се прифатени. Ослободување од плаќање на износот на Аконтации за Данок на доход по дејности се: 149 од дејност транспорт; 114 од дејност угостителство; 79 од дејност туризам; и 405 се од останати дејности.

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност, се предвидува издавање на електронска фактура, со што се олеснува работењето на даночните обврзници во периодот на кризата а со Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка се намалува процентот на каматата за задоцнето плаќање од 0,03% на 0,015%. Исто така, Управата за јавни приходи согласно оваа Уредба не објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година.
На 5 мај заврши можноста за донација преку апликацијата МојДДВ каде 8.700 корисници на апликацијата одговориле потврдно на опцијата за донирање, а 35.219 корисници одговориле дека сакаат да им биде исплатен повратот од скенирањето на сметките, во целост. Износот на донација изнесува 9.529.917 денари кој ќе се донира во фондот за справување со КОВИД-19. Во врска пристигнати меилови до УЈП од граѓани кои погрешно и ненамерно притиснале опција „донирај“ и истите бараат средствата да им бидат исплатени на сметка, во најкраток можен рок ќе известиме за начинот на исплата.

Лукаревска истакна дека Опцијата „донирај“ беше поставена за доброволен избор на секој корисник на апликацијата МојДДВ и им се заблагодари на сите граѓани кои го донираа својот поврат и помагаат за полесно справување со кризата предизвикана од коронавирусот.
За сите овие мерки, даночни службеници се агенти во Владиниот контакт центар и истите стојат на располагање за сите прашања и одговори поврзани со мерките кои ги спроведува УЈП, а Управата за јавни приходи постави нова мејл адреса finansiska.poddrska@ujp.gov.mk, која има за цел непречено и точно информирање.

Директорката јавно да се заблагодари и на сите компании кои покажаа општествена одговорност со тоа што авансно ги платија своите аконтации за данокот на добивка за 2020 година
,,Продолжуваме понатаму во успешно спроведување на економските мерки, продолжуваме понатаму во квалитетно спроведување на процесите за финансиска помош на даночните обврзници.

Само заеднички можеме да излеземе посилни после оваа криза и да допринесеме на враќање на нормалното функционирање на општеството”. – рече Директорката Сања Лукаревска.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија