Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
30.12.2020
Новини во измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход

Во насока на поддршка на развојот на човечкиот капитал како и зголемување на продуктивноста и здравствената заштита на вработените

Од 07 декември 2020 година, данок на личен доход не се плаќа за:

  • за платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица во износ до 9.000 денари на годишно ниво по вработен со примена од 07 декемри 2020 година.
  • ваучер на активен спортист издаден од Агенцијата за млади и спорт, согласно со Законот за спортот.

Почнувајќи од 1 јануари 2021 година, данок на личен доход нема да се плаќа и на следните надоместоци:

  • надоместоци на трошоци за обуки и доквалификација (стекнување сертификати, лиценци и сл.) на вработени лица, поврзани со нивното работно место, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач, во временски период утврден со договор
  • уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина од една просечна месечна бруто-плата во Република Северна Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика
  • даден репроматеријал без надоместок (семенски материјал и производи за заштита на растенија во расадопроизводство), согласно закон

Кај обврзниците кои остваруваат доход од самостојна дејност, признавање на трошоците при составување на Годишниот даночниот биланс за 2021 година (образец ДЛД-ДБ) за:

  • репрезентација во висина од 10%
  • уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина од една просечна месечна бруто-плата во Република Северна Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика;
  • платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност во износ до 9.000 денари 9.000 на годишно ниво по вработен;

За подетални инфромации во врска со изменитe и дополнувања на Законот за данокот на личен доход посетете ја Веб страната на Управата за јавни приходи на следните линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/337
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/830
http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/229
http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/40

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија