Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
04.01.2022
ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ПРЕТВОРАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ ВО ГРАНТ

Барање за претворање на финансиската поддршка во грант се поднесува најдоцна до 15.01.2022 година преку системот е-Даноци

  1. Работодавачите (правни лица и самовработени лица за своите вработени) кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати за вработените, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’, број 85/21), а ги исполниле условите од членот 9 став 3, можат да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ“.
    - Работодавачите, образецот Б-ПФПГ, задолжително го поднесуваат преку системот е-Даноци.
    - Барањата се поднесуваат најдоцна до 15.01.2022 година
    - Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите задолжително се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот во хартиена форма.
  2. Физички лица кои вршат самостојна дејност кои го искористиле правото на финансиска поддршка (за самите носители на дејноста) , согласно Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’, број 85/21), а ги исполниле условите од членот 8 став 3, треба да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ/СВД“.
    - Физички лица кои вршат самостојна дејност, образецот Б-ПФПГ/СВД задолжително го поднесуваат преку системот е-Даноци.
    - Барањата се поднесуваат најдоцна до 15.01.2022 година.
    - Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите задолжително се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот во хартиена форма.

Напомена:
На даночниот обврзник регистриран за целите на ДДВ во грант му се претвора износот на набавеното добро без пресметаниот данок на додадена вредност, додека пак во случаите кога набавуваат добра за кои даночниот обврзник нема право на одбивка на претходен данок во грант му се претвора износот на набавеното добро со пресметаниот данок на додадена вредност.
На даночниот обврзник нерегистриран за целите на ДДВ за набавените добра во грант му се претвора износот на набавеното добро со пресметаниот данок на додадена вредност

Корисни информации:

  • Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено -економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година (види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/415)
  • Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, за месеците февруари и март 2021 година (види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/416
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија