Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
25.02.2010
Со оглед на се почестите јавувања од страна на даночните обврзници по однос на давање на дополнителни појаснувања за начинот на утврдувањето на износот на даночниот кредит кој се искажува во Даночниот биланс (образец ДБ) во делот за оданочување на непризнаени расходи под Б. ДАНОЧЕН КРЕДИТ ЗА РАСХОДИТЕ СО ОДЛОЖЕНО ПРИЗНАВАЊЕ, ве информираме за следното ...
|
|
22.02.2010
Заради запазување на законскиот рок (28 февруари 2010) за поднесување на Даночните биланси, сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката ќе вршат прием на обрасци и за време на викендот, на 27-ми и 28-ми февруари 2010 година, од 08.30 до 16.30 часот. Со цел избегнување на метежите, апелираме даночните обврзници својата обврска да ја исполнат пред истекот на законскиот рок.
|
|
16.02.2010
Според последните, но не и конечни податоци, 60.087 даночни обврзници поднеле годишни извештаи за исплатени приходи во 2009 година, со што се исполнија и очекувањата на Управата за јавни приходи. Управата ќе инститира на точно запазување на роковите и изрекување на казни не само за неподнесување, туку и за задоцнето поднесување на даночните пријави и извештаи. Заради благовремено сервисирање на даночните обврзници, посебно во делот на враќањето на ДДВ-то, гореспомената мерка еднакво ќе се применува за сите даночни обврзници.
|
|
16.02.2010
Правните лица, заради утврдување на данокот на добивка за 2009 година, имаат обврска да поднесат „Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“ (образец “ДБ”). Даночните обврзници кои оствариле вкупен приход во секоја од последните три години од кој било извор не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво...заради утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“ имаат обврска до УЈП да достават образец “ДБ-ВП“ и “РДО-ВП“. Видете и повеќе за начинот на пополнување на “ДБ“ ...
|
|
11.02.2010
Со донесувањето на Законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва основани од Р.М., односно од општините или Град Скопје, се овозможува плаќање на најмногу 120 месечни рати со грејс период од најмногу 36 месеци, за даночните долгови до 31.12.2009 година на даночните должници: јавни претпријатија и трговски друштва основани од Р.М., односно од општините или Град Скопје. Даночните должници, за да го остварат правото треба да поднесат Барање (образец “БПР“) до надлежната УЈП ...
|
|