Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
19.03.2010
Приходи од закупнина - Дали изнајмувате стан, викендица, земјиште . . .?

Приходите кои ги остваруваат граѓаните по основ на закупнина (издавање на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендици), опрема, превозни средства и други видови имот) подлежат на оданочување со персонален данок на доход и истите треба да се пријават во Управата за јавни приходи.

Остварените приходи се пријавуваат во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварувањето на приходите, со поднесување на Аконтативна даночна пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ”), кон која граѓанинот треба задолжително да го приложи и Договорот за закуп.
На граѓаните кои со задоцнување или воопшто нема да поднесат Аконтативна даночна пријава во пропишаниот рок, УЈП ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

- Доколку Договорот за закуп е склучен помеѓу две физички лица - граѓани, во тој случај врз основа на поднесената Аконтативна даночна пријава, УЈП на граѓанинот му доставува Решение со кое се задолжува да плати персонален данок на доход. Граѓанинот е должен аконтацијата на данокот да ja плати месечно, до 15 во месецот за претходниот месец.

- Доколку граѓанинот имотот го издава под кирија на фирма, односно како договорни странки се јавуваат физичко лице (закуподавецот) и правно лице или самостоен вршител на дејност (закупец), обврска да го пресмета, задржи и плати персоналниот данок во име на граѓанинот има исплатувачот на приходот т.е. во овој случај фирмата или самостојниот вршител на дејност.
За пресметаниот и платен данок, правното лице односно самостојниот вршител на дејност е должен при секоја исплата на приходот (закупнината) на граѓанинот да му издаде примерок од пресметката на платениот данок (аконтација), а по истекот на годината да му издаде и збирен податок за вкупно платените аконтации во текот на 2010 година, најдоцна до 15 февруари 2011 година.

При пресметувањето на персоналниот данок со стапка од 10%, на граѓанинот му се признаваат и трошоци со кои му се намалува приходот, и тоа:

  • 25% од износот на приходот од издавање на неопремени станбени и деловни простории.
  • 30% од износот на приходот од издавање на опремени станбени и деловни простории.
  • висината на стварните трошоци, доколку граѓанинот документирано ги докаже истите.

Пример: Ако во 2010 година граѓанинот издал под кирија ненаместен стан за деловен простор на правно лице “Х” и договорило бруто закупнина во износ од 10.000 денари месечно, во тој случај ќе му се признаат трошоци во износ од 2.500 денари. Граѓанинот, како даночен обврзник, десетте илјади денари од закупнината ќе треба да ги пријави во УЈП, а правното лице “Х” во негово име и на негова сметка да уплати 750 денари персонален данок (аконтација).

Пресметка на данокот на бруто основа

1. Износ на месечна бруто закупнина................................. 10.000
2. Признати трошоци (10.000 х 25%).......................................2.500
3. Даночна основа (ред.број 1 – ред.број 2)............................7.500
4. Даночна стапка.......................................................................10%
5. Персонален данок на доход (ред.број 3 х ред.број 4)............750
6. За исплата (10.000-750) - (ред.број 1 - ред.број 5).............9.250

*Во случај кога станот би се издавал на друг граѓанин, тогаш оваа пресметка ја прави УЈП и граѓанинот лично го плаќа персоналниот данок кој ќе му биде утврден во решението доставено од УЈП.

Граѓаните кои ќе остварат приходи од закупнина во текот на 2010, покрај Аконтативна даночна пријава, по истекот на календарската година задолжително треба да поднесат и Годишна даночна пријава најдоцна до 15 март 2011 година.

 

Корисни информации

Доколку остварувате приходи од имот и имотни права веднаш преземете и пополнете ја аконтативната даночната пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ”).

За повеќе информации во врска со начинот на оданочување и пријавување на приходите од имот и имотни права, преземете ја брошурата „Оданочување на приходи од имот и имотни права (закупнина)“ или јавете се во Повикувачкиот Центар на УЈП на бесплатниот телефонски број 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија