Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
14.01.2011
До 15 Февруари - Поднесете Годишен извештај за исплатените приходи во 2010

Кој треба да поднесе Годишен извештај?

  • Правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др. кои во текот на 2010 година извршиле исплата на приходи на физички лица (граѓани) по следните основи:
            - лични примања
            - приходи од авторски права и права од индустриска сопственост
            - приходи од капитал
            - приходи од имот и имотни права (закупнини)
            - добивки од игри на среќа и други наградни игри и
            - други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка,
    должни се до УЈП да поднесат Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзниците (образец “ПДД-ГИ”), за пресметаниот и платениот данок и придонесите, како и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во изминатата година.
  • Фирмите кои вршат откуп на земјоделски производи и по овој основ во 2010 година исплатиле приходи на физички лица, должни се до УЈП да достават Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”).

Годишниот извештај поднесете го најдоцна до 15 февруари 2011 година во даночните канцеларии на УЈП, според седиштето на даночниот обврзник/исплатувач на приходот. Исто така, на располагање ви се и услугите на Контакт Центарот на УЈП во Скопје (ГТЦ 2-ри кат, над Кино Милениум) каде, без разлика на местото на седиштето, можете да поднесувате даночни пријави и обрасци секој ден од 09.00 до 20.00 часот, освен недела.


Не заборавајте на граѓаните да им издадете пресметка!

На граѓанинот задолжително треба да му издадете збирна пресметка за исплатениот приход и платениот персонален данок, односно придонеси, во 2010 година.
Неиздавањето на пресметката значи и скратување на правата на граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход, точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.


Непочитување на законските рокови и обврски

Како исплатувач на приходи, ќе ви биде изречена глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, доколку најдоцна до 15 февруари 2011 година до УЈП не доставите Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ” или “ПДД-ГИ/ОЗП”) и ако на физичкото лице не му издадете примерок од пресметката за аконтација на персоналниот данок и платените придонеси.
За направениот прекршок, на одговорното лице кај исплатувачот на приходите ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противредност.


За повеќе информации во врска со поднесувањето на Годишниот извештај
можете да се обратите во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија