Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
01.02.2011
Граѓани - Време е за годишна даночна пријава!

ЗОШТО?

Како граѓанин на РМ и даночен обврзник на персоналниот данок на доход најважниот датум за вас е 15 март 2011 година, крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) во која збирно треба да ги пријавите сите приходи кои сте ги оствариле, во земјата и во странство, во текот на изминатата 2010 година.
Ви препорачуваме својата обврска да ја исполните навремено, со цел избегнување на метежот во даночните канцеларии во последните денови пред истекот на рокот за поднесување на даночната пријава.

КАДЕ?

Годишната даночна пријава (образец ПДД-ГДП) е бесплатна и може да се преземе преку интернет (кликни тука) или на шалтерите во УЈП. Пополнетата пријава поднесете ја во даночните канцеларии на УЈП, според местото каде што живеете или преку пошта.
Доколку сте од друг град, а привремено живеете или работите во Скопје, даночната пријава можете да ја поднесете и во Контакт Центарот на УЈП лоциран во Градски Трговски Центар (2-ри кат, над Кино Милениум).


КОЈ?

Задолжително поднесете Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, доколку во текот на 2010 година:

  • сте издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот;
  • сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост;
  • ви била исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој сте го дале на физичко или правно лице;
  • сте оствариле капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, учество на капитал и недвижен имот;
  • сте оствариле добивка од игри на среќа, од спортско обложување, од лото, од ТВ наградни игри;
  • имате лични примања од странство;
  • работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претставништва кои уживаат дипломатски имунитет; и
  • сте оствариле и "други приходи".

ВАЖНО: Не поднесувајте Годишна даночна пријава доколку имате остварено само приход од плата, од пензија, од земјоделска дејност или од самостојна дејност.

Даночната пријава пополнете ја врз основа на податоците од пресметката која ви ја издал работодавачот, односно оној кој ви го исплатил приходот!
Доколку работодавачот / исплатувачот на приходи, ви нема доставено пресметка, истата побарајте ја, бидејќи има законска обврска да ви ја достави најдоцна до 15 февруари 2011 година!


КАКО?


За повеќе информации во врска со поднесувањето на Годишната даночна пријава преземете ја брошурата “Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ и Интерактивното упатство, каде практично е објаснето пополнувањето на пријавата. Доколку имате дополнителни прашања контактирајте не преку Инфо центарот на бесплатната телефонска линија 0800 33 000.

 

Ако навреме и во целост ги пријавите вашите приходи во УЈП, нема да ви биде изречена глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија