Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
11.02.2011
Фирми - Истекува рокот за поднесување на годишни извештаи за исплатени приходи

Фирмите имаат уште неколку дана, пред истекот на законскиот рок / 15 февруари 2011, до Управата за јавни приходи да поднесат годишни извештаи за приходите кои ги исплатиле на физички лица во текот на изминатата 2010 година.

Правните лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др. поднесуваат Годишен извештај за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи (образец “ПДД-ГИ”), додека пак фирмите кои вршат откуп на земјоделски производи и по овој основ во 2010 година исплатиле приходи на физички лица, должни се до УЈП да достават Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”).

Исто така, како исплатувачи на приходи, фирмите најдоцна до 15 февруари 2011 година на физичките лице на кои им исплатиле приход во 2010 година задолжително треба да им издадат примерок од пресметката за аконтацијата на персоналниот данок и платените придонеси и збирен податок по истекот на годината, за вкупно платената аконтација.

За ненавремено, односно неподнесување на годишен извештај, како и неиздавање на примерок од пресметката на физичките лица се предвидени глоби.

Заклучно со вчерашниот ден/10.02.2011/, до УЈП се поднесени 19.804 годишни извештаи, а се очекува во наредните денови да бидат поднесени уште над 40 илјади. Од тие причини, а со цел даночните обврзници да го запазат законскиот рок и навремено да ја исполнат својата обврска, сите шалтери на УЈП низ Републиката во понеделник и вторник, односно на 14 и 15 февруари ќе работат со продолжено работно време до 20.00 часот.

За повеќе информации, преземете го соопштението на УЈП (14.01.2011) „Поднесете годишен извештај за исплатените приходи во 2010“.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија