Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.01.2012
Користете ги новите обрасци за побрз одговор на вашето барање

Со цел поедноставување на постапките за одговор на редовните барања кои даночните обврзници ги доставуваат до УЈП, од 10.01.2012 година во примена се следните обрасци:

  1. Б/ОПД - Барање за одложено плаќање на даночен долг
  2. Б/ПДС - Барање за потврда за дадена донација/спонзорство
  3. Б/ППД - Барање за пренасочување на погрешно платен данок
  4. Б/ПД - Барање за поврат на повеќе/погрешно платен данок
  5. Б/ПБД - Барање за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок
  6. Б/ИДК - Барање за издавање на даночна картица
  7. Б/ППРДТ - Барање за поврат на повеќе/погрешно платена радиодифузна такса
  8. Б/ПР - Барање за препис на решение
  9. Б/ПРНД - Барање за потврда за регистриран/нерегистриран даночен обврзник

Користење на новите и унифицирани обрасци/барања кои се објавени на веб страницата на УЈП, ќе им овозможи на даночните обврзници добивање на побрза и поквалитетна услуга преку пополнување на точно бараните податоци наведени во обрасците.

Новите обрасци се во функција на промена на досегашната пракса за доставување на непотполни податоци од страна на обврзниците и барања од УЈП за доставување на дополнителни информации.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија