Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
09.02.2012
Истекува рокот за поднесување годишни извештаи и издавање на пресметки на граѓаните

На неколку дена пред истекот на рокот за поднесување на Годишни извештаи, само 14.770 фирми ја исполниле својата обврската, а се очекува до УЈП да пристигнат уште 50 илјади извештаи. Со цел фирмите да можат да го запазат рокот, на 15 февруари/среда сите даночни канцеларии ќе работат со продолжено работно до 18.00 часот.

Обврска да поднесат Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ”) имаат правно лице, трговец-поединец, занаетчија, лица кои вршат слободни занимања и др. кои во изминатата 2011 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани, додека економските субјекти кои вршеле исплати по основ на откуп на земјоделски производи должни се до УЈП да достават и Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”).

Фирмите корисници на е-Даноци, годишниот извештај можат да го поднесат електронски преку http://etax.ujp.gov.mk/
За поднесување на извештаи, шалтерските услуги на Контакт центарот на УЈП во Скопје (ГТЦ, 2-ри кат, над кино Милениум) се достапни секој работен ден од 09.00 до 20.00 часот, вклучувајќи ја и саботата/11.02.2012 година.

На граѓаните издадете им пресметка за исплатените приходи!

Најдоцна до 15 февруари, фирмите исто така имаат законска обврска на граѓанинот да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2011 година. Врз основа на издадените пресметки, граѓанинот како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

Непочитување на законските рокови и обврски

Доколку до 15 февруари, економските субјекти не поднесат годишен извештај (“ПДД-ГИ” и “ПДД-ГИ/ОЗП”) за исплатените приходи, како и на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2011 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противредност.


Инфо центар 0800 33 000
е-пошта: info@ujp.gov.mk

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија