Согласно Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми, работодавач-медиум може да ја користи мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID -19 за времетраење на вонредната состојба, за месеците јуни, јули и август 2020.
Работодавачот - медиум за искористување на ова право треба да поднесе образец БС-ПЗСОM до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци, при што Управата за јавни приходи, во рок од 5 дена од денот на доставувањето, ја потврдува комплетноста на барањето. На работодавачот - медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.
Начинот на пополнување на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми - образец БС-ПЗСОМ е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.
Корисни информации:
- Уредба со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите
- Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите (образец БС-ПЗСОМ)