Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

30.01.2013
Бруто плата 2013 - Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2013 година изнесува 30.595 денари. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2013 година изнесува 15.298,00 денари (50% од 30.595,00), додека највисока основица изнесува 183.570,00 денари (6 x 30.595,00). Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2013 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата...
 
28.01.2013
Успешен старт на новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави
Последните податоци на УЈП покажуваат дека новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година, месечните ДДВ обврзници навреме и успешно ја завршија, со мал процент на исклучоци. Од вкупно 4584 фирми кои имаа обврска до 23.59 часот на 25 јануари да достават ДДВ пријава по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ на УЈП, 124 месечни ДДВ обврзници не презеле никакви чекори и не се усогласиле со новиот начин на електронска комуникација со УЈП, односно воопшто не се регистрирале за користење на е-даночните услуги со дигитален сертификат на USB токен.
 
25.01.2013
Месечни ДДВ обврзници – Поднесување на електронски ДДВ-пријави до 23.59 часот
Денес /25.01.2013/ истекува рокот за поднесување на ДДВ-пријавите до УЈП, со кој и официјално отпочна да се применува новата законска обврска за месечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година. Според последната евиденција на УЈП, од вкупно 4594 месечни ДДВ обврзници, само 186 фирми се немаат регистрирано за користење на е-Даноци. Користејќи ги бенефитите од електронската комуникација, фирмите кои сеуште не се усогласиле и кои не поднеле ДДВ пријава до УЈП, истото ќе можат да го сторат во текот на денешниот ден најдоцна до 23.59 часот, со што ќе се смета дека ја исполниле својата законска обврска во пропишаниот рок...
 
24.01.2013
Прием на 36 нови субјекти во групата на големи даночни обврзници
Од 1 јануари 2013 година, во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници преминаа уште 36 даночни обврзници. Исполнувањето на повеќе критериуми, меѓу кои придонес и зголемено учество во буџетските приходи, износ на платен данок, добри финансиски показатели во работењето во 2012 година се причините 36 субјекти кои досега имале даночен третман на средни бизниси, да преминат во Дирекцијата за големи даночни обврзници...
 
22.01.2013
До 15 февруари – Фирмите за исплатените приходи во 2012 да поднесат Годишен извештај и да им издадат пресметки на граѓаните
Фирмите кои во изминатата 2012 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани имаат обврска, најдоцна до 15 февруари 2013 година, да поднесат Годишен извештај за исплатените приходи (образец “ПДД-ГИ“) до даночните канцеларии на УЈП или по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk Фирмите кои вршеле исплати, на граѓанинот задолжително треба да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2012 година...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија