Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
Комуникацијата со локалните медиуми и информирањето на јавноста на подрачјето на Регионална дирекција на УЈП ја координира Регионален портпарол.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

13.03.2009
Пред истекот на рокот - поднесени 57.179 Годишни даночни пријави
Заклучно со 12-ти март/четврток/, до даночните канцеларии на УЈП поднесени се вкупно 57.179 Годишни даночни пријави. Во текот на вчерашниот ден, околу 12.000 граѓани ја исполниле својата обврска и во Управата за јавни приходи ги пријавиле приходите кои тие ги оствариле во текот на изминатата 2008 година. По регионални дирекции на УЈП, бројот на поднесени ГДП е следен: во РД Скопје - 32.256; во РД Битола - 7.835; во РД Тетово - 4.293; во РД Штип - 7.967; во РД Кавадарци - 4.828. Годишните даночни пријави ќе можат да се поднесат и во сабота/14-ти март/ и понеделник/16-ти март, во сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката.
 
12.03.2009
Уште три дена за поднесување на Годишна даночна пријава
Според последните податоци на УЈП, заклучно со среда/11 март 2009/, поднесени се вкупно 45.645 Годишни даночни пријави. Само во текот на вчерашниот ден 9.000 граѓани ги поднеле своите даночни пријави за остварени приходи во текот на 2008 година. По Регионални дирекции на УЈП, бројот на примени ГДП е следен ...
 
10.03.2009
Прием на Годишна даночна пријава и на 14-ти и на 16-ти март
Бидејќи крајниот рок за поднесување на даночните пријави (15 март 2009) се паѓа во неработен ден, како и поради зголемен број на пријави кои ќе се поднесуваат во наредните денови, ги информираме граѓаните дека прием на Годишна даночна пријава ќе се врши и на 14-ти март/сабота и на 16-ти март/понеделник, од 08:30 – 16:30 часот, во сите даночни канцеларии на УЈП низ Македонија.
 
06.03.2009
Нов начин на пресметка на аконтации на данок на добивка за месеците февруари – декември 2009 и јануари 2010
Правни лица кои што остваруваат добивка од вршење на дејност, вклучително и обврзниците со посебен даночен статус - заштитните друштва, стопанските единици во рамките на установите за извршување на санкции и казнено-поправните установи, како и корисниците на технолошко-индустриските и развојни зони, немаат обврска да доставуваат Месечни пресметки на аконтациите на данокот на добивка (образец “МДБ“) за утврдувањето и плаќањето на месечните аконтации за февруари - декември 2009 година и јануари 2010 година. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка во примена од 1 јануари 2009 година, се пропиша постапката на утврдување на месечните аконтации на данокот на добивка за 2009 година.
 
04.03.2009
Насоки и локации за поднесување на пресметка за февруарска плата (образец “МПИН“)
Пресметките за плата задолжително да се поднесуваат, одделно, за секој даночен обврзник (еден даночен обврзник, еден маил). Декларацијата и Налогот за плаќање ќе Ви бидат доставени од УЈП на Вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Еднаш доставената пресметка за плата да не се праќа повторно преку е-пошта или во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи. Даночни канцеларии и локации во Скопје каде може да ја поднесете месечната пресметка за плати за февруари ......
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија