Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

23.12.2014
До 31 јануари – Сите обврзници да воведат фискална каса со ГПРС уред
Обврска да воведат фискален систем на опрема со вграден ГПРС уред, најдоцна до 31 јануари 2015 година, имаат сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и на услуги за кој плаќањето се врши во готово. Апелираме даночните обврзници да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот, односно секој кој не ја извршил обврската за регистрација кај некои од овластените производители тоа да го стори веднаш...Право на продажба имаат само овластени производители на одобрен фискален систем на опрема со ГПРС уред...
 
18.12.2014
Од 1 јануари - Намалување на прагот за регистрација за ДДВ на 1.000.000 денари
Даночните обврзници кои во текот на 2014 година оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари 2015 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ- 01“)...Даночните обврзници кои во текот на 2015 година ќе остварат оданочив промет над 1.000.000 денари, ќе бидат обврзани за регистрација за ДДВ, односно да ја поднесат Пријавата најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот... Даночните обврзници кои ќе се регистрираат за цели на ДДВ, навремено да преземат чекори за електронско поднесување на следните пријави кои задолжително се поднесуваат до УЈП преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk...
 
13.12.2014
„Сајт на годината 2014“ - Трето место за ujp.gov.mk во категоријата на државни институции
Скопје - На манифестацијата „Сајт на годината 2014“, која се одржа на 11.12.2014 година во Македонската опера и балет, веб-страницата на УЈП www.ujp.gov.mk го освои третото место во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции. Во оваа категорија, второто место го освои www.dzlp.mk, а првото место www.avrm.gov.mk Селекцијата за најдобрите сајтови е извршена од осумчлена жири комисија и интернет посетителите во сооднос 60%/40%, според технички параметри, дизајн, функционалност / употребливост, содржина, интерактивност и иновативност / креативност на номинираните веб-страници...
 
13.11.2014
ПРОДОЛЖУВААТ ЗАЕДНИЧКИТЕ КОНТРОЛИ НА МВР, УЈП И ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ
Редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат продолжуваат. Од 4 до 12 ноември, од 150 контролирани објекти, во 58 Управата за јавни приходи утврди неправилности во делот на фискализацијата. Контролите се спроведуваат на целата територија на Македонија и се насочени пред се кон ризични обврзници кај кои постојат сознанија дека не се почитува законот за пушење, не се почитува работното време и не се регистрира готовинскиот промет...
 
07.11.2014
ЗАЕДНИЧКИ КОНТРОЛИ – МВР, УЈП, ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ
Во рамките на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат, во изминатите три дена УЈП спроведе даночни контроли во 53 објекти од кои во 29 утврдени се неправилности во делот на фискализацијата. Координираните контроли на трите институции кои се спроведуваат неколку пати во годината на целата територија на Македонија се насочени пред се кон ризични обврзници кај кој пазарниот инспекторат има сознанија дека не се почитува законот за пушење и не се почитува работното време, а УЈП во делот на регистрирањето на готовинскиот промет. Со цел легитимирање на ризичните обврзници, на пазарниот и даночниот инспекторат асистира и МВР кои имаат законски овластувања за идентификување на лица.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија