Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
Комуникацијата со локалните медиуми и информирањето на јавноста на подрачјето на Регионална дирекција на УЈП ја координира Регионален портпарол.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

07.04.2020
ПРИЕМ НА СТРАНКИ ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ОД 09.00-12.00 ЧАСОТ
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека од среда 08.04.2020 година приемот на странки во Регионални дирекции/одделенија/шалтери ќе биде од 09:00 до 12:00 часот...
 
02.04.2020
ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МДБ ЗА МЕСЕЦИТЕ МАРТ, АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ КОИ ПОРАДИ МЕРКИТЕ ЗА COVID-19 ИМААТ ПРЕТРПЕНО ШТЕТА ВО СВОЕТО РАБОТЕЊЕ
Согласно Уредбата со законска сила за примена на законот за данок на добивка во време на вонредна состојба, на Владата на Република Северна Македонија објавена во Службен весник на РСМ, бр.79 од 26.03.2020 година, обврзниците кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот (COVID 19), имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година...
 
01.04.2020
СЕ ЗАОКРУЖИ ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД МОЈДДВ
Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од Мој ДДВ. За месеците јануари, февруари и март 2020 на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР...
 
26.03.2020
СЕ ПРОДОЛЖУВА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ЗА ПРИЕМ НА СТРАНКИ ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ОД 08.00 - 14.00 ЧАСОТ
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека од петок 27.03.2020 година го продолжува работното време од 08:00 до 14:00 часот во Регионални дирекции/одделенија/шалтери...
 
24.03.2020
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 31 МАРТ 2020 ГОДИНА
Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.02.2020-29.02.2020 се продолжува до 31 март 2020 година...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија