Обрасци кои се поднесуваат по потреба
Даночниот календар е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Обрасци кои се поднесуваат по потреба и барање на обврзникот
| Рок | Образец | Даночен обврзник | Опис |
|---|---|---|---|
| по исполнувaње на условите за поврзување како еден ДДВ обврзник | ДДВ-01/ПЛ | ДДВ обврзници | Доколку сакате доброволно да се регистрирате како поврзано лице за ДДВ, заради вашата сопственичка, организациска или управувачка поврзаност, со поднесување на образец “ДДВ-01/ПЛ”. |
| по потреба на даночниот обврзник | БКИ-ИН | Фирми | Доколку сте регистрирани после 01.01.2009 година, или до крајот на 2008 година не ви е доделен код за идентификација за електронско потпишување на Месечната пресметка за интегрирана наплата, поднесете Барање за код за идентификација за интегрирана наплата (образец “БКИ-ИН”) до Управата за јавни приходи. |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-В/ДП | Примател на приход (странско правно лице) | Доколку во времето на исплата на приходи на странското правно лице, домашниот исплатувач не располага со заверен примерок на oбразец “ЗД-О/ДП” или Одобрение за даночно ослободување, исплатителот ќе задржи данок во висина од 10% согласно ЗДД. Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на другите приходи може во определениот рок поднесе образец “ЗД-В/ДП”. За секое враќање на данок на другите приходи се поднесува ново барање. |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ППРДТ | Обврзник на радиодифузна такса | Доколку имате платено поголем износ на радиодифузна такса од оној утврден во решението, доколку средствата за радиодифузна такса сте ги платиле по грешка иако не сте биле обврзник за плаќање на радиодифузна такса, доколку сте платиле радиодифузна такса но подоцна сте ослободени од обврската за плаќање на истата, поднесете барање (образец “Б/ППРДТ“) за поврат на повеќе/погрешно платена радиодифузна такса. |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-В/КА | Примател на приход (странско правно лице) | Доколку во времето на исплата на приходите на странско правно лице, домашниот исплатувач не располага со заверен примерок на образец “ЗД-О/КА” или Одобрение за даночно ослободување, исплатителот ќе задржи данок во висина од 10% согласно ЗДД. Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на камата во определениот рок може да поднесе образец “ЗД-В/КА”. За секое враќање на данок на камата се поднесува ново барање. |
| по потреба на даночниот обврзник | ДДВ-Б21 | ДДВ обврзници / резиденти на РМ | Доколку ви е потребен писмен доказ дека сте регистрирани како ДДВ обврзник, за цели на поднесување на барање за враќање на ДДВ во друга држава, поднесете го образецот “ДДВ-Б21“. |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ПДС | Странско правно или физичко лице | За издавање на потврда за дадена донација или дадено спонзорство во Р.Македонија, за остварување на даночно поттикнување за данок на добивка во вашата земја, поднесете барање (образец “Б/ПДС“). |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ПБД | Правно лице и самостоен вршител на дејност | Доколки имате повеќе платен данок по еден основ и даночен долг по друг основ (доспеан за плаќање), поднесете Барање за пребивање на даночниот долг со повеќе платениот данок (образец “Б/ПБД“). |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-В/АП | Примател на приход (странско правно лице) | Доколку во времето на исплата на приходите на странско правно лице, домашниот исплатувач не располага со заверен примерок на образец “ЗД-О/АП” или Одобрение за даночно ослободување, исплатителот ќе задржи данок во висина од 10% согласно ЗДД. Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на приходот од авторски права може да поднесе образец “ЗД-В/АП”. За секое враќање на данок на приходот од авторски права се поднесува ново барање. |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ППД | Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) | Доколку имате извршено уплата на данок на погрешна уплатна сметка и приходна шифра, несоодветна за тој вид на данок, може да поднесете барање (образец “Б/ППД“) за пренасочување на уплатата од погрешната на точната уплатна сметка. |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ИДК | Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) | За издавање на даночна картица за одделен вид на данок, од евиденциите на Управата за јавни приходи, поднесете барање (образец “Б/ИДК“). |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ПД | Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) | Доколку имате платено поголем износ на данок од оној утврден во решението или во поднесената даночна пријава, доколку сте платиле данок по грешка иако не сте биле обврзан за тоа, доколку сте платиле одреден износ на данок но подоцна сте ослободени од обврската за плаќање на истиот, поднесете барање (образец “Б/ПД“) за поврат на повеќе/погрешно платен данок. |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ОПД | Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) | Доколку сакате да ви се одложи плаќањето на даночниот долг, еднократно или на рати, треба да поднесете барање (образец “Б/ОПД“). |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-ДО | Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. | Доколку странско правно лице остварува приходи во РМ за кои согласно меѓународниот договор за одбегнување на двојното оданочување се применува 0% даночна стапка, може наместо обрасците ЗД-О/ДИ, ЗД-О/КА, ЗД-О/АП, ЗД-0/ДП да поднесе пополнет образец “ЗД-ДО” со прилог Потврда за резидентност издадена од надлежен даночен орган во странство. |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-В/ДИ | Примател на приход (странско правно лице) | Доколку во времето на исплата на приходите на странско правно лице, домашниот исплатувач не располага со заверен примерок на образец “ЗД-О/ДИ” или Одобрение за даночно ослободување, исплатителот ќе задржи данок во висина од 10% согласно ЗДД. Заради примена на пониска даночна стапка или нулта стапка согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, односно заради враќање на повеќе платен данок, примателот на дивиденда во определениот рок може да поднесе образец “ЗД-В/ДИ”. За секое враќање на данок на дивиденда се поднесува ново барање. |
| по потреба на даночниот обврзник | БКИ | Правни лица и самостојни вршители на дејност | За да се регистрирате за користење на бесплатниот електронски сервис на УЈП е-ДАНОЦИ http://etax.ujp.gov.mk/ потребно е да поднесете Барање за одобрување на код за идентификација образец “БКИ“. |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ПРНД | Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) | За добивање потврда за активен даночен обврзник, одјавен даночен обврзник, непоседување на единствен даночен број, доделен даночен број, упишана или одјавена деловна единица, поднесете Барање за потврда за регистриран/нерегистриран даночен обврзник (образец “Б/ПРНД“). |
| по потреба на даночниот обврзник | БПДП/ФЛ | Граѓанин | По претходно поднесено барање “БПДП/ФЛ“ и исполнување на условите за издавање на уверението (граѓанинот да нема неподмирени даночни обврски и придонеси по сите основи), Управата за јавни приходи издава „Уверение за платени даноци и придонеси“ за физички лица, по следните основи: за отпуст на државјанство; за добивање виза за патување; за заверка на купопродажен договор; за регулирање на стаж (земјоделци, самостојни вршители на дејност); за пред банка; за пред суд; за земјоделски кредит и др. кредити; за промена на презиме; по други основи. |
| по потреба на даночниот обврзник | БПНДП/ПЛ/СВД | Правно лице и самостоен вршител на дејност | Доколку даночниот обврзник - должник, односно неговите органи овластени за негово застапување, поднесат предлог за отворање на стечајна/ликвидациона постапка, должни се да приложат и „Потврда за состојбата во однос на неплатените даноци и придонеси“, која ја издава УЈП по претходно поднесено барање “БПНДП/ПЛ/СВД“. |
| по потреба на даночниот обврзник | БПС | Обврзникот за пресметка и уплата и обврзник за плаќање на придонеси и персонален данок | Барање за поврат на повеќе уплатени средства и персонален данок се поднесува во следните случаи: по грешка пресметан и уплатен придонес и персонален данок за обврзник за плаќање кој повеќе не работи кај обврзникот за пресметка и уплата; поднесена исправка на МПИН преку “вид на обврска 103“ за еден обврзник за плаќање; за двапати платен придонес и персонален данок на доход врз основа на еден ист фолио број; кога нема одбивање на аконтациите при конечната пресметка; и кога погрешно платениот придонес и персонален данок произлегува од направена грешка на банката. |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-О/АП | Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. | Доколку примателот на приход од користење на авторски права е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување, остварува право на примена на пониска даночна стапка утврдена со договорот од стапката пропишана со ЗДД на РМ. Заради остварување на ова право остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на авторскиот надоместок пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/АП” кој треба да биде потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство. |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-О/ДИ | Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. | Доколку примателот на приход од дивиденда е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување, остварува право на примена на пониска даночна стапка утврдена со договорот од стапката пропишана со ЗДД на РМ. Заради остварување на ова право остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на дивидендата пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/ДИ”, кој треба да биде потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство. |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-О/КА | Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. | Доколку примателот на приход од камата е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување, остварува право на примена на пониска даночна стапка утврдена со договорот од стапката пропишана со ЗДД на РМ. Заради остварување на ова право остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на каматата пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/КА”кој треба да биде потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство. |
| по потреба на даночниот обврзник | ЗД-О/ДП | Исплатувач на приход: домашно правно лице; домашно физичко лице (регистрирано за вршење на дејност); странско правно лице или физичко лице (нерезидент со постојана деловна единица во РМ), во име и за сметка на странското правно лице. | Доколку примателот на “други приходи“ дефинирани со членот 29-б од ЗДД (освен наведените во точките од 1 до 5) е резидент на држава со која РМ има потпишано договор за одбегнување на двојно оданочување, остварува право на примена на пониска даночна стапка односно нулта стапката утврдена со договорот, од стапката пропишана со ЗДД на РМ. Заради остварување на ова право остварувачот на приходите (нерезидентното правно лице), му поднесува на исплатувачот на другите приходи пред секоја исплата пополнет образец “ЗД-О/ДП” кој треба да биде потврден (заверен) од надлежниот даночен орган во странство. |
| по потреба на даночниот обврзник | Образец | Домашно правно лице (остварувач на приходи од странство) | Доколку домашно правно лице-резидент на РМ остварува приходи во странство на кој се заджува данок, заради остварување на правото на даночно ослободување или пониска стапка од договорот за одбегнување на двојно оданочување кој РМ го има потпишано со странската држава, се обраќа до УЈП со Барање за издавање потврда за резидентност. Врз основа на ова барање, Управата за јавни приходи издава Потврда за резидентност. |
| по потреба на даночниот обврзник | БПП-ИС/ДПФ | Граѓанин | Физичкo лицe - член на доброволен пензиски фонд кои уплатил сопствени средства во пензискиот фонд кои се претходно оданочени, односно средствата уплатени на негова индивидуална сметка од физичко лице се претходно оданочени, имаат право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд, со поднесување на барање “БПП-ИС/ДПФ“. |
| по потреба на даночниот обврзник | БОП/ФЛ | Граѓанин | По претходно поднесено барање “БОП/ФЛ“ и увид од страна на УЈП (дали физичкото лице остварува или не остварува приходи), на граѓанинот му се издава „Уверение за остварени приходи“, по следните основи: за остварување на социјална помош; за постојана парична помош; за еднократна парична помош; за воена помош; за детски додаток; за студентски кредит, стипендија; за сите видови на семејни пензии; за сместување во социјални установи; за пред Фондот за здравство; за пред Агенцијата за вработување; за усвојување на дете и поставување на старател; за лонштај издршка од странство и по друг основ. |
| по потреба на даночниот обврзник | БПДП/ПЛ/СВД | Правно лице и самостоен вршител на дејност | Доколку обврзникот сака да има увид за висината на долговите (неплатени даноци и придонеси) според евиденцијата на Управата, потребно е да поднесе барање “БПНДП-ПЛ/СВД“. |
| по потреба на даночниот обврзник | Б/ПР | Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) | За добивање препис на решение, по основ за данок на добивка, данок на додадена вредност, персонален данок на доход, фискализација и по друг основ, поднесете барање (образец “Б/ПР“). |
| при регистрација, пријавување на промени и дерегистрација на даночен обврзник | УЈП-РДО/З | Физички лица (земјоделци) | Ако остварувате приходи од земјоделска дејност должни сте да се регистрирате во Управата за јавни приходи со поднесување на даночната пријава “УЈП-РДО/З“. При прва регистрација, промена на податоци или дерегистрација на даночниот обврзник, во прилог на овој образец се поднесува и Барањето за паушално оданочување на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност образец “ПДД-ПЗ“. |
| при регистрација, пријавување на промени и дерегистрација на даночен обврзник и донаторски проект | УЈП-РДО | Правни и физички лица и сите други форми на делување | За лицата (дипломатско и конзуларно лице, регистриран донаторски проект во Владата на РМ, свештено лице, странско физичко лице и странско правно лице) кои немаат обврска да се регистрираат во еден од основните регистри, регистрирањето за даночни цели и доделувањето на ЕДБ се врши директно во УЈП со поднесување на образец “УЈП-РДО”. *Образецот се поднесува и кога вршите промена на податоци и во случај кога престанувате со вршење на дејност, а претходно сте биле регистрирани во УЈП со истиот образец. |
| при регистрација, пријавување на промени и дерегистрација на физичко лице кое врши дејност од времен карактер | УЈП-РДО/ВК | Физички лица | Доколку не сте регистриран кај надлежен основен регистар, а остварувате приход од вршење дејност од времен карактер, должни сте да се регистрирате во УЈП за даночни цели, или да пријавите промена на податоци, престанување на вршење на дејноста или повторно отпочнување со поднесување на Пријава за регистрација и паушално оданочување на обврзници кои вршат дејност од времен карактер образец “УЈП-РДО/ВК”. |

