Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29        
Recnik
Период за поднесување на други обрасци

Даночниот календар е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. 

Други рокови и периоди на поднесување на обрасци
Рок Образец Даночен обврзник Опис
25 дена по истекот на календарскиот месец во кој е поднесено барање за промена на даночниот период (ДДВ-БПДП)   ДДВ-04 ДДВ обврзници Доколку УЈП го прифати барањето за промена на даночен период “ДДВ-БПДП“, задолжително поднесете ДДВ пријава (образец “ДДВ-04”), за периодот од почетокот на календарската година до крајот на месецот во кој е поднесено барањето.
25 дена по истекот на календарскиот месец во кој е престанато со вршење на дејност   ДДВ-04 ДДВ обврзници Доколку престанувате со вршење на дејност, задолжително поднесете ДДВ пријава (образец “ДДВ-04”).
15 дена од денот на започнување на вршење на дејноста   ПДД-АДП/СД Граѓани Доколку остварувате приходи од вршење на дејност и водите деловни книги (трговец-поединец, земјоделец, занаетчија и лице кое врши услуги или слободно занимање) должни сте да поднесете образец “ПДД-АДП/СД“.
15 дена од денот на остварување на приходот   ПДД-АДП/ПИ Граѓани Доколку започнувате да остварувате приходи од имот и имотни права (закупнина) во текот на годината поднесете образец “ПДД-АДП/ПИ”.
15 дена од денот на остварувањето на приходите   ПДД-АДП/ДП Граѓани Доколку остварувате други приходи од стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот без надомест, поднесете образец “ПДД-АДП/ДП”.
15 дена од денот на остварувањето на приходот   ПДД-АДП/КД Граѓани Доколку остварувате приходи од продажба на хартии од вредност, учество во капиталот и недвижен имот, поднесете образец “ПДД-АДП/КД”.
15 дена од почетокот од вршење на дејност   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку започнувате со вршење на дејност во текот на календарската година, обврзани сте или сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете образец “ДДВ-01“.
30 дена од денот на исполнувањето на договорот за донации или спонзортво   УЈП-ИДС/ПР Примател на донација (домашно и странско правно лице) и примател на спонзортво (домашно правно лице) Доколку за примената донација или спонзорство се предвидени даночни потикнувања, примателот на донација или спонзортво е должен до УЈП да достави Извештај за примената донација или спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ПР“) и во прилог задолжително да достави: Договор за донацијата, Решение на Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес за предвидената донација или спонзорство, Потврда за донација со која го потврдува добивањето на донацијата и Доказ за наменско користење на добиените средства.
30 дена од денот на исполнувањето на договорот за донации или спонзортво   УЈП-ИДС/ДВ Давател на донација и спонзорство (домашно и странско физичко и правно лице) Доколку за дадената донација или спонзорство се предвидени даночни потикнувања, давателот на донација или спонзорство е должен до УЈП да достави Извештај за дадена донација или спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ДВ“), и во прилог задолжително да ги достави Договорот за донацијата и Решението на Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес за предвидената донација или спонзорство.
3 работни дена по истекување на 15 работни дена по денот на поднесување на “ДДВ-01“   Б-МО/ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку немате добиено Решение за прифаќање/одбивање на Пријавата за регистрација за ДДВ (образец “ДДВ-01”), може да поднесете Барање на образец “Б-МО/ДДВ-01”.
3 работни дена по истекување на 15 работни дена по денот на поднесување на “ДДВ-01Б“   Б-МО/ДДВ-02 ДДВ обврзници Доколку немате добиено Решение за прифаќање/одбивање на Пријавата за отповикување на регистрација за ДДВ (образец “ДДВ-01Б”), може да поднесете Барање на образец “Б-МО/ДДВ-02”.
3 работни дена по истекување на 30 дена по денот на поденсување на “ПДД-02“   Б-МО/ПДД-02 Граѓани (трговец-поединец, лице кое врши слободни занимања, занатечија, земјоделец и сл.) Доколку немате добиено решение за даночно ослободување, поднесете Барање на образец “Б-МО/ПДД-02”.
3 работни дена по истекување на 30 дена по денот на поднесување на “ДД-07“   Б-МО/ДД-01 Фирми Доколку немате добиено Решение за даночно ослободување, поднесете Барање на образец “Б-МО/ДД-01“.
3 работни дена по истекување на 60 дена по денот на поденсување на “ПДД-П“   Б-МО/ПДД-01 Граѓани (трговец-поединец, лице кое врши слободни занимања, занаетчија, земјоделец и сл.) Доколку немате добиено решение за паушално плаќање на данокот поднесете Барање на образец “Б-МО/ПДД-01”.
3 работни дена по истекување на 60 дена по денот на поднесување на барање за враќање на повеќе уплатен данок   Б-МО/ДД-02 Фирми Доколку не ви е вратен повеќе платениот данок во рокот, поднесете барање “Б-МО/ДД-02“.
60 дена по настаната промена (статусна промена, односно ликвидација или стечај)   ДБ Фирми Доколку настанала статусна промена (присоединување, спојување и поделба), односно е отворена постапка на стечај или ликвидација поднесете Даночен биланс за оданочување на непризнаените расходи (образец “ДБ“). Во случај на ликвидација, заради утврдувањето на данокот содржан во исплатите од ликвидационата маса на субјектите кои престануваат да постојат се доставува и Пресметка на данокот на исплатени дивиденди и други распределби од добивката (образец “ДД-ИД“). Пресметката се доставува и во случаи на: исплати на содружниците кои истапуваат од друштвото, над номиналната вредност на основачкиот влог, кога се врши намалување на основната главнина; исплатите од добивката за намените по основ на дополнителните издатоци за лични примања на содружниците, кои не се на товар на трошоците од работењето и не се пресметани во бруто платата врз основа на Одлука и слично.
до 10-ти во месецот   ДДВ-БПДП ДДВ обврзници Доколку за даночен период ви е одредена календарска година и доколку документирано докажете дека во тековната календарска година ќе имате влезни исполнувања од инвестиции во опрема и недвижности за започнување или проширување на вашата стопанска дејност над 100.000.000 денари без ДДВ, може да поднесете образец “ДДВ-БПДП”.
до 15-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен промет од 2 милиони денари   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку во текот на календарската година го надминете износот на остварен промет од 2.000.000 денари, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ (образец “ДДВ-01“).
до крај на месецот, за даночно ослободување кое ќе се користи од наредниот месец   ПДД-02 Граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Ако набавите и воведете во употреба до 10 одобрени системи за регистрирање на готовински плаќања, поднесете го образецот “ПДД-02”, заради користење на даночно олеснување од персонален данок на доход.
при исплата на дивиденда и на други исплати од добивката   ДД-ИД Фирми Ако вршите исплата на дивиденда или пак други исплати од добивката поднесете Пресметка на данокот на исплатени дивиденди и други распределби од добивката (образец “ДД-ИД“) во моментот на исплатата на дивидендата и другите исплати од добивката.
при набавка на фискален апарат   ФА-01 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Ако вршите промет на добра или услуги за кој плаќањето се врши готовински, поднесете го образецот “ФА-01”.
при поднесување на “ДДВ-04“ за прв даночен период   ДДВ-05/1 ДДВ обврзници Доколку ги исполнувате законските услови за одбивка на влезниот данок, како прилог кон ДДВ пријавата за првиот даночен период , поднесете образец “ДДВ-05/1”.
при престанок на употреба на фискалниот апарат   ФА-03 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Ако престанувате да постоите или да го употребувате фискалниот апарат, поднесете го образецот “ФА-03”.
при промена на податоците за регистрација на деловниот објект или промена на фискалната меморија   ФА-02 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Ако вршите промет на добра или услуги за кој плаќањето се врши готовински, поднесете го образецот “ФА-02”.
при регистрација на фискален апарат   КДФИ-01 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Книгата за дневни финансиски извештаи (образец “КДФИ-01“) се води за секој деловен објект во кој се користат фискални апарати. Образецот не се заверува во УЈП.
при регистрација на фискален апарат или при обновување на образецот поради исполнетост   ИСК-03 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Итната сметководствена книган (образец “ИСК-03“) се води во случај на престанок на електричната енергија или кога апаратот ќе се оштети. Образецот задолжително се заверува во УЈП.
при регистрација на фискален апарат и при обновување на потребните количини парагон блок и итна сметководствена книга   Б3-01 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Ако користите фискален систем на опрема, поднесете го образецот “Б3-01”.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија