Memorandum_mk
Персонален данок

Електронска пресметка на аконтација на данокот (е-ППД)

Почнувајќи од 01.01.2018 година, за одделните приходи кои ги остваруваат во земјата и во странствово текот на календарската година, а се оданочуваат со персонален данок на доход (ПДД), даночните обврзници имаат обврска да изготват и поднесат Електронска пресметка на аконтација на данокот (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку e-pdd.ujp.gov.mk во законски предвидените рокови.
За повеќе информации во врска со новиот начин на пресметување и плаќање на персоналниот данок e-pdd.ujp.gov.mk преземете ја Брошурата „Пресметување и плаќање на е-Персонален данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/67).

Годишна даночна пријава

УЈП ќе издава пополнета Годишна даночна пријава од 2019 година
Врз основа на сите податоци за исплатените приходи (плата, регрес, дивиденда и сл.) од страна на исплатувачите во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година и за приходите кои граѓанинот ги остварил од други физички лица и од странство, како и за приходите од вршење на самостојна дејност, УЈП ќе изготвува и доставува пополнета Годишна даночна пријава до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година. Пополнетата Годишна даночна пријава граѓанинот ќе може да ја преземе и од системот e-pdd.ujp.gov.mk по претходна регистрација на истиот. Граѓанинот ќе има обврска пополнетата Годишна даночна пријава да ја потврди или да ја корегира најдоцна до 31 мај 2019 година.

Видови приходи - Оданочување со персонален данок и даночни поттикнувања

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија