Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

13.10.2014
Уште 15 дена за воведување на фискален апарат со GPRS уред
На петнаесет дена пред истекот на крајниот рок, 1.653 даночни обврзници успешно ја заокружија регистрацијата на 2.511 фискални системи на опрема со GPRS уред. Обврска за воведување на фискален апарат со GPRS уред најдоцна до 31 октомври 2014 година имаат 8.900 даночни обврзници... И покрај тоа што постапката за регистрација трае кратко (до 10 минути) и се врши електронски, апелираме обврзниците кои не ја отпочнале постапката истото да го сторат веднаш и да не го чекаат последниот рок...
 
09.10.2014
До 25 октомври - Поднесување на Евиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец ДДВ-ЕПФ)
Евиденцијата ДДВ-ЕПФ за првото календарско тримесечје (од 01.07.2014 до 30.09.2014) се доставува најдоцна до 25-ти Октомври 2014 година...Во насока на запазување на рокот за доставување на ДДВ-ЕПФ, ги известуваме сите овластени лица за реализација на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен меѓу РМ и странски донатори и ИПА проекти, дека е потребно да пријават e-mail адреса за Проектот во УЈП - Регионалната дирекција Скопје со која ќе се регистрирааат во системот на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk и да бидат во можност електронски да го доставуваат образецот ДДВ-ЕПФ...
 
07.10.2014
На 14 октомври 2014 - Тимови од УЈП и МРТВ во посета на општина Ранковце
Мобилен даночен шалтер на УЈП ќе биде поставен пред објектот на Општина Ранковце на 14 октомври 2014 (вторник), од 10.00 до 15.00 часот. Ги повикуваме граѓаните од општина Ранковце лично да се информираат, да оставарат средба со тимовите од УЈП и ЈП Македонска радиотелевизија и да поднесат барања за сите прашања поврзани со радиодифузната такса...
 
02.10.2014
НОВО! Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор
Со цел информирање на јавноста за надлежностите и активностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, начинот и формата на поведување на постапката на надзор при неисполнување на паричните обврски помеѓу економските оператори од приватниот сектор, постапката на известување на УЈП, санкции за прекршителите...Управата за јавни приходи изготви ново „Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“...
 
02.10.2014
До 31 октомври - Уште седум илјади фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред
Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година. Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија