Обрасци кои се поднесуваат во даден месец
ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР 2012 е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Февруари
П |
В |
С |
Ч |
П |
С |
Н |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 |
Обрасци кои се поднесуваат во месец Февруари
| Рок | Образец | Даночен обврзник | Опис |
|---|---|---|---|
| до 10-ти во месецот | МПИН | Работодавaчи | Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец. |
| до 15-ти Февруари | МДБ | Фирми | Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона). |
| до 15-ти Февруари | ДД-И | Фирми | Сите вие кои сте: домашно правно лице, домашно физичко лице регистрирано за вршење на дејност, или странско правно или физичко лице/нерезидент со постојана деловна единица во РМ, доколку вршите исплата на приходи на странски правни лица кои се оданочиви по задршка (“данок на задршка”), должни сте да поднесете образец “ДД-И”. |
| до 15-ти Февруари | ПДД-ГИ | Фирми и граѓани (исплатители) | Поднесете го образецот “ПДД-ГИ” за сите остварени бруто приходи, пресметаниот и платениот персонален данок на доход и придонеси по одбивка и за вкупно исплатените нето приходи во календарската година (од 01 јануари до 31 декември 2011 година). Исто така, должни сте на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и наплатените придонеси и збирен податок по истекот на годината, a најдоцна до 15 февруари 2012 година, за вкупно платената аконтација. |
| до 15-ти Февруари | ПДД-ГИ/ОЗП | Фирми (исплатители) | Поднесете го образецот “ПДД-ГИ/ОЗП“, за сите исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица во календарската година (од 1 јануари до 31 декември 2011 година). |
| до 25-ти Февруари | ДДВ-04 | Фирми и граѓани | Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04”. |
| до 29-ти Февруари | ДБ-ВП | Фирми | Доколку сте мал и микро трговец и водите сметководство согласно Законот за трговски друштва и доколку вашиот остварен вкупен приход во претходната година не го надминува износот од 3 милиони денари на годишно ниво поднесете образец “ДБ-ВП“ заради утврдување на годишниот данок на вкупен приход. Исто така, треба да поднесете “ДБ-ВП“ доколку сте оствариле вкупен приход во претходната година од 3 000 001 до 6 000 000 денари на годишно ниво и сте се определиле за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход. |
| до 29-ти Февруари | ДБ | Фирми | Доколку сте правно лице/субјект (резидент) на Република Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте организациона единица на правно лице кое не е резидент на Република Македонија за добивката која ја остварувате од вршење на дејност на територијата на Република Македонија, поднесете Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ”), заради утврдување на данокот на добивка. |

