Обрасци кои се поднесуваат во даден месец
ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР 2012 е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јуни
| Рок | Образец | Даночен обврзник | Опис |
|---|---|---|---|
| до 10-ти во месецот | МПИН | Работодавaчи | Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец. |
| до 15-ти Јуни | МДБ | Фирми | Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона). |
| до 25-ти Јуни | ДДВ-04 | Фирми и граѓани | Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04”. |
| до 30-ти Јуни | ДДВ-13 | Странски дипломатски или конзуларни преставништва и меѓународни организации | Ако сте набавиле добра или сте користеле услуги за службени потреби можете да барате враќање на ДДВ на образецот “ДДВ-13”. |
| до 30-ти Јуни | ДДВ-11 | Странски фирми | Можете да барате враќање на ДДВ на образец “ДДВ-11“, ако немате фактичко седиште, подружница или постојано живеалиште или престојувалиште во Р. Mакедонија, ги исполнувате законските услови за враќање на ДДВ и сте даночни обврзници за целите на ДДВ во друга земја која има однос на реципроцитет за ДДВ со Република Македонија. |
| до 30-ти Јуни | ДДВ-14 | Членови на меѓународни организации, шефови на дипломатско претставништво, членови на дипломатскиот персонал и конзуларни функционери | Можете да барате враќање на ДДВ на образец “ДДВ-14“ доколку како член на меѓународни организации сте стекнале добра или пак сте користеле услуги за лични потреби, односно доколку како шефови на дипломатско претставништво, членови на дипломатскиот персонал и конзуларни функционери сте стекнале добра или пак сте користеле услуги за лични потреби или за потреби на членовите на семејствата. |
| до 30-ти Јуни | ДДВ-12 | Непрофитни организации | Можете да барате враќање на ДДВ на образецот “ДДВ-12”, доколку ги исполнувате законските услови. |

