Обрасци кои се поднесуваат во даден месец
ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР 2012 е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Март
П |
В |
С |
Ч |
П |
С |
Н |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Обрасци кои се поднесуваат во месец Март
| Рок | Образец | Даночен обврзник | Опис |
|---|---|---|---|
| до 10-ти во месецот | МПИН | Работодавaчи | Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец. |
| до 15-ти Март | ПДД-ДБ | Граѓани | Трговци поединеци, лица кои вршат слободни занимања, занатечија, земјоделец и сл. ако остварувате добивка/загуба од вршење на дејност поднесете образец “ПДД-ДБ”. |
| до 15-ти Март | Б | Граѓани | Трговци поединеци, лица кои вршат слободни занимања, занатечија, земјоделец и сл. ако остварувате добивка/загуба од вршење на дејност поднесете образец “Б”. |
| до 15-ти Март | МДБ | Фирми | Немате обврска до УЈП да доставите образец “МДБ“ за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка. Имате обврска да платите месечна аконтација на данокот на добивка доколку не сте правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на Казнено поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона). |
| до 15-ти Март | ПДД-ГДП | Граѓани | Ако покрај плата и пензија, приходи од самостојна дејност, приходи од земјоделска дејност, сте оствариле и други приходи (приходи од закупнина, дивиденда, кaпитална добивка и сл.) во текот на 2011 година, поднесете Годишна даночна пријава образец “ПДД-ГДП”. |
| до 25-ти Март | ДДВ-04 | Фирми и граѓани | Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04”. |

