Обрасци кои се поднесуваат во даден месец
ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР 2012 е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Јануари
П |
В |
С |
Ч |
П |
С |
Н |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | 31 |
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јануари
| Рок | Образец | Даночен обврзник | Опис |
|---|---|---|---|
| до 10-ти во месецот | МПИН | Работодавaчи | Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец. |
| до 15-ти Јануари | МДБ | Фирми | Доколку сте обврзник за пресметување и плаќање на данок на добивка, односно не сте обврзник со посебен даночен статус (заштитно друштво за вработување на инвалиди, стопанска единица на КПУ, или корисник на технолошко индустриска развојна зона), утврдувањето на месечниот износ на данокот на добивка го вршите со пополнување на образец “МДБ“. Утврдувањето на месечните аконтации за периодот Февруари 2011 - Декември 2012 и за месец Јануари 2013, се врши врз основа на даночната пријава составена за даночниот период што претходи (образец “ДБ“ – Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи), доколку на истиот имате утврдено даночна обврска на АОП 31. * Образецот “МДБ“ немате обврска да го доставувате до Управата за јавни приходи. |
| до 15-ти Јануари | ДДВ-01 | Фирми и граѓани | Доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на образец “ДДВ-01”. |
| до 15-ти Јануари | ДДВ-01Б | Фирми и граѓани | Ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 5 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на образец “ДДВ-01Б”, ако ги исполнувате законските одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата. |
| до 20-ти Јануари | ДД-07 | Фирми | Ако набавите и воведете во употреба до 10 одобрени системи за регистрирање на готовински плаќања, поднесете образец “ДД-07”, заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“). Ослободувањето се остварува по истекот на годината за сите набавени и воведени до 10 одобрени системи за регистрирање на готовински плаќања во таа година. |
| до 25-ти Јануари | ДДВ-04 | Фирми и граѓани | Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен, тримесечен или годишен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04”. |
| до 31-ви јануари | ПДД/ГИ-ЗП | Организатор на зелен пазар | Tрговецот кој организира зелен пазар е должен до УЈП да достави Годишен извештај (образец "ПДД/ГИ-ЗП") до 31 јануари, за корисниците на продажните места на зелените пазари во период од 1 јануари до 31 декември во претходната година. |

