Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
26.02.2021
ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРИМЕНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ, ПРИДОНЕСИ И ИСПЛАТЕНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА НА ВРШИТЕЛИ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ И БАРАЊЕ ЗА ПРЕТВОРАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ГРАНТ

1. БАРАЊЕ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ИЗНОСОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРИМЕНАТА ФИНАНСИСКA ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ

Физичките лица кои вршат самостојна дејност, кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати за своите вработени, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’ број 267 /20), и согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април, мај, јуни 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’ број 111/20, 113/20 и 154/20), имаат обврска примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија. Враќањето е најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (Образец Б) за 2020 година, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели во Годишниот Даночен Биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност за 2020 година. За враќање на износот на примената финансиска поддршка за исплата на плати, физичките лица кои вршат самостојна дејност треба да поднесат Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати и тоа:
- „образец ДБ-БВ-ФП-2“, за месеците април, мај и јуни 2020 година
- „образец ДБ-БВ-ФП-1” за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

2. БАРАЊЕ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ИЗНОСОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРИМЕНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Физичките лица кои вршат самостојна дејност кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, број 92/2020 и 116/2020), за месеците април, мај и јуни, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (Образец Б) за 2020 година, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели во Годишниот Даночен Биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност за 2020 година. За враќање на износот на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување, физичките лица кои вршат самостојна дејност треба да поднесат Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДБ-БВ-СПЗСО“.

3. БАРАЊЕ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ИЗНОСОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРИМЕНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Физичките лица кои вршат самостојна дејност и се оданочуваат по вистински доход, корисници на финансиска помош согласно со Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.267/20) и согласно со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економска криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19 за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 92/20 и 156/20), за месеците април, мај и јуни, имаат обврска примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50%, од износот на искажаниот финансиски резултат пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (образец Б) за 2020 година, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели во Годишниот Даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност. За враќање на износот на примената субвенција, физичките лица кои вршат самостојна дејност треба да поднесат Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на финансиски средства „образец ДБ-БВ-ФП“.

Напомена:

  • Барања од точките 1, 2 и 3 имаат обврска да поднесат сите физички лица кои вршат самостојна дејност - корисници на финансиска помош за исплата на плати, корисници на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување и корисници на финансиска поддршка за исплата на финансиски средства, без разлика на финансискиот резултат (добивка/загуба) за 2020 година.
  • Вкупниот износ на средствата добиени како финансиска поддршка од точките 1, 2 и 3 кои
    треба да се вратат во Буџетот на Република Северна Македонија, кумулативно изнесува најмногу до 50% од износот на искажаниот финансиски резултат пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (Образец Б) за 2020 година, зголемен за непризнати расходи за даночни цели во Годишниот Даночен Биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност за 2020 година.
  • Барањата се доставуваат најдоцна до рокот за поднесување на Даночниот биланс за
    2020 година.
  • Барањата се поднесуваат преку системот е-Персонален данок (во мени Аконтативна пресметка)
  • За физичките лица вршители на самостојна дејност кои имаат негативен финансиски резултат (загуба) за 2020 година, проверка на условот за неплатени даноци и придонеси ќе се прави по службена должност согласно податоците од последно објавената листа на должници. Доколку во меѓувреме се намирени даночните долгови и обврзникот нема неплатени долгови по основ на даноци и придонеси за истото треба да приложи Уверение за платени даноци и придонеси до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира.
    Корисниците на финансиска поддршка од точките 1, 2 и 3 имаат обврска по исполнување на условите, истата да ја вратат во утврдениот износ и тоа:
    - искористената финансиска поддршка согласно Уредбите во месеците април, мај и јуни 2021 година и
    - искористената финансиска поддршка согласно Закони во месеците октомври, ноември и декември 2021 година.

4. БАРАЊЕ ЗА ПРЕТВОРАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ ВО ГРАНТ
Физички лица вршители на самостојна дејност - корисници на финансиска поддршка зa исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година кои ги исполниле условите дефинирани во Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од корновирусот COVID-19 заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година можат да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ

Напомена:

  • Барањето се доставува најдоцна до рокот за поднесување на Даночниот биланс за 2020 година.
  • Барањето се поднесува преку системот е-Персонален данок (во мени Аконтативна пресметка)
  • Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на
    платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите (оригинал или заверени копии) се доставуваат во хартиена форма до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија