Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

24.02.2015
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ БИЛАНСИ "ДБ" И "ДБ-ВП" ЗА 2014
Oбврска за поднесување на Даночен биланс за оданочување на добивка (образец "ДБ") до УЈП има: правно лице - резидент на РМ кое остварува добивка од вршење на дејност во земјата или странство, освен правно лице кое влегува во поедноставниот даночен режим и постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM...
 
19.02.2015
ИЗМЕНИ ВО НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКА НА БРУТО ПЛАТА И ДРУГИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 12.02.2015 година, предвидено е дека при пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување започнувајќи од месец јануари 2015 година не се применува лимитот од шест просечни плати како највисока основица за пресметка на придонесите, односно придонесите се пресметуваат на целиот износ на бруто основицата...
 
16.02.2015
Измени на образец „ Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските“ УЈП-ДИ-З.2-03
Со цел поедноставување на исполнување на законска обврската на нотарите согласно Законот за финансиска дисциплина, Управата за јавни приходи изврши измена на образецот „Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски“ (УЈП-ДИ-З.2-03). Изменетиот образец Известување УЈП-ДИ-З.2-03/2 е објавен на веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/155) и важи од 16.02.2015 година.
 
13.02.2015
Пресметка и уплата на придонеси на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори согласно со измените на Законот за придонеси
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, се утврдуваат категориите на обврзниците кои од 1 јануари 2015 година имаат обврска за плаќање на Придонес за пензиско и инвалидско осигурување (ППИО) и Придонес за здравствено осигурување (ПЗО) за приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа. За секоја категорија на обврзници се регулира настанувањето на обврската за плаќање на придонеси, основицата за пресметка на придонесите и кој е обврзник за поднесување на пресметката и за уплата на придонесите...
 
13.02.2015
Калкулатор за утврдување на основицата за пресметка на придонеси за договори за дело, авторски договори и други договори согласно измените на Законот за придонеси
Калкулатор е помошна алатка за утврдување на основицата за пресметка на придонеси по основ на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, во случај кога правно лице врши исплата на надоместок по договор на лице кое е во работен однос кај него или кај нему поврзано право лице, при што правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија