Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

21.12.2012
Уште една седмица за месечните ДДВ обврзници да се прилагодат за електронско поднесување на даночни пријави
На една седмица пред истекот на рокот, 1191 месечни ДДВ обврзници сеуште не се регистрирале на системот е-Даноци, чие користење е задолжително од 1 јануари. Согласно законските измени, месечните ДДВ обврзници од почетокот на 2013 година нема да можат повеќе да ги поднесуваат ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка во хартиена форма, туку истото ќе треба да го вршат по електронски пат преку интернет сервисот на УЈП е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ Фирмите во наредните седум дена треба да ги обезбедат сите предуслови и да се регистраат за користење на електронските даночни услуги. Ненавременото прилагодување на новите законски обврски поврзани со користење на е-Даноци, негативно ќе се одрази врз финансиското работење на фирмите, земајќи предвид дека истите нема да можат да го пријават данокот во УЈП...
 
17.12.2012
Измени на Законот за данокот на додадена вредност
Со најновите измени на Законот за ДДВ, продолжува примената на повластена даночна стапка за термални сончеви системи и компоненти, компјутери и софтвер за компјутери...се ослободуваат од ДДВ сите пратки што не го надминуваат износот од 22 евра во денарска противвредност...прометот на влезници за јавни настани кои се од национален интерес...
 
17.12.2012
Веб страницата на УЈП освои трето место во категоријата на државни институции за „Најдобар сајт за 2012“
На манифестацијата „Сајт на годината 2012“, која се одржа на 13.12.2012 година во Инфо центарот на ЕУ во Скопје, во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции, веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk го освои третото место. Изборот „Сајт на годината" кој се случува по трет пат има за цел да придонесе кон развојот на домашните веб-страници и да додели сертификати и признанија на луѓето кои работат во развојот на онлајн-медиумите во земјава...
 
12.12.2012
Уште 15 дена за месечните ДДВ обврзници да се прилагодат на новата законска обврска
Фирмите кои од 1 јануари имаат законска обврска да поднесуваат даночни пријави до УЈП по електронски пат, бавно се приспособуваат на новините во даночното работење. На 15 дена дена пред истекот на рокот, 1440 фирми не презеле никакви чекори, односно воопшто се немаат регистрирано на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ За да можат фирмите да се регистрираат и да ги користат електронските даночни услуги, треба да поседуваат Интернет, е-Пошта, како и Дигитален сертификат на USB токен кој е издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС. Потсетуваме дека законот предвидува високи казни - за неподнесување, односно ненавременото поднесување на даночна пријава...
 
04.12.2012
Истекува рокот за месечните ДДВ обврзници да се прилагодат на системот е-Даноци
Заради навремено усогласување со новите законски обврски, обврзниците задолжително треба да се регистрираат на новиот систем на https://etax-fl.ujp.gov.mk/, најдоцна до 31 декември 2012 година, во спротивно нема да можат да ги користат електронските услуги на УЈП и навремено да пријават данок. Апелираме фирмите да не го чекаат последниот рок. За сите дополнителни информации и техничка поддршка, даночните обврзници можат да се обратат во Инфо центарот на 0800 33 000, секој ден (освен недела) од 08.30 до 21.00 часот или на е-пошта: info@ujp.gov.mk ...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија