Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

27.11.2012
Новo – Пријавете промена на податоци преку телефон!
Oд 29 ноември 2012 година, за фирмите (правни лица и вршители на дејност) достапна е новата услуга на Управата за јавни приходи ,,е-Промена на податоци”. Преку користење на оваа услуга, фирмите можат брзо и едноставно преку телефонско јавување на бесплатниот број 0800 33 000 да извршат промена на нивните податоци кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП. Заради осигурување на висок степен на безбедност и заштита на податоците, даночниот обврзник услугата ќе може да ја користи само со ПИНКОД, кој е задолжителен за идентификација и без кој не може да се врши промена на регистрационите податоци. За доделениот пинкод, секоја фирма и ново регистриран даночен обрзник ќе добие известување од УЈП преку пошта. Како се користи услугата?...
 
27.11.2012
Фискализација – Затворени 93 објекти
И покрај постојаните апели на УЈП - даночните обврзници да ги регистрираат готовинските плаќања и да ја водат финансиската евиденција на начин како што е предвидено со позитивните прописи, во изминатиот период даночните контроли утврдија дека во 93 случаи фирмите се обиделе да го заобиколат законот. Даночните контроли се спроведени во повеќе градови низ Македонија, а според Регионалните дирекции на УЈП состојбата е следна...
 
20.11.2012
Во пресрет на новата законска обврска - Од 35.230 ДДВ обврзници, само 178 се прилагодиле на системот е-Даноци
Во пресрет на новата законска обврска за ДДВ за задолжително користење на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk која стапува на сила од 2013 година, само 178 ДДВ обврзници досега ги презеле сите неопходни активности за да можат електронски да поднесуваат ДДВ-пријави и даночни биланси за данок на добивка до УЈП, односно истите се регистрирале со Дигитален сертификат на USB токен. Први кои треба да отпочнат со задолжително користење на е-Даноци од 1 јануари 2013 година, се 4595 месечни ДДВ обврзници...
 
19.11.2012
Даночна Академија – TAIEX работилница „Размена на електронски фактури и е-Фактури за ДДВ цели“
Скопје - На 15 и 16 ноември во х.Карпош се одржа дводневна работилница на тема „Размена на електронски фактури и е-Фактури за ДДВ цели“ организирана во соработка со Инструментот за техничка помош и размена на информации TAIEX. На првиот ден од дводневната работилница се презентираа моменталните состојби во однос на размената на електронски фактури и е-Фактури за ДДВ цели, и како oвој процес е законски регулиран. Исто така, беа разгледувани методите за издавање и примање на електронски фактури...
 
13.11.2012
Даночна aкадемија – TAIEX Работилница „Управување со анализа на ризик“
Скопје - Во соработка со инструментот за техничка помош и размена на информации - TAIEX, на 09.11.2012 година се одржа еднодневна работилница на тема „Управување со анализа на ризик“. Македонскиот претставник во своето излагање ја презентираше моменталната состојба на управувањето со анализа на ризик во Македонија, а потоа претставниците од Австрија, Финска и Франција ги презентираа своите пристапи во процесот на управување со анализа на ризик...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија