Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

06.11.2012
Фискална едукација на млади - Реализирани 900 обуки во средните училишта
Преку проектот „Фискална едукација на младите“, средношколците и студентите веќе трета година по ред имаат можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Даночната едукација треба да влијае не само врз зголемување на информираноста на младите за потребата од плаќање на даноците, туку и за нивно запознавање со основните права и граѓански должности кои ги имаат како даночни обврзници. Од почетокот на 2010 година, односно во двете учебни години во кои се спроведува проектот, УЈП одржа над 900 обуки во средните училишта и факултетите низ Македонија...
 
19.10.2012
Даночна академија – Експертска мисија „Присилна наплата на долгови настанати во други ЕУ држави“
Скопје - Во соработка со Инструментот за техничка помош и размена на информации – TAIEX, во периодот од 17 до 19 октомври 2012 година во Контакт центарот на УЈП, се одржа Експертска мисија на тема „Присилна наплата на долгови настанати во други ЕУ држави“. Теми на разгледување беа организационата поставеност и надлежностите на Секторот за присилна наплата на УЈП, како и Директивата на Советот на европската унија за взаемна помош во наплатата на приходи поврзани со одредени стапки, царина, даноци и други мерки...
 
08.10.2012
Од 2013 година - Задолжително користење на е-даноци за ДДВ обврзниците
Од 2013 година, ДДВ обврзниците имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси пропишани со Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци (согласно Закон за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.84/12). Рокот за задолжително поднесување на даночните пријави преку https://etax-fl.ujp.gov.mk за месечните ДДВ обврзници е 1 јануари 2013 година, додека за тримесечните ДДВ обврзници рокот е 1 јули 2013 година. Заради навремено усогласување, УЈП им препорачува на сите ДДВ обврзниците да не го чекаат последниот рок и да го искористат периодот октомври-декември за прилагодување и користење на придобивките од електронската комуникација и поднесување на даночни пријави и други обрасци до УЈП...
 
28.09.2012
Новите даночни трендови во фокусот на средбите со колегите од Република Турција
Од 17 до 21 септември 2012 година, во посета на Управата за јавни приходи, престојуваа претставници на даночната администрација од Република Турција. Турската делегација, составена од тројца членови, оствари неколку средби со менаџментот на УЈП, на кои главни теми на интерес беа новите трендови во даночната администрација, даночната регулатива во Република Македонија, стратегијата за контрола и видовите на услуги за даночните обврзници. Во рамките на посетата, гостите имаа можност да ги посетат и одблиску да се запознаат со процесот на работа и начинот на организација на Контакт центарот и Регионалната дирекција Битола.
 
24.09.2012
Земјоделци - Регистрирајте се за паушално оданочување до 31 декември
Доколку обавувате земјоделска дејност и вашиот приход во 2012 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Паушалното оданочување можете да го користите, без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање. Изберете едноставно решение, кое го олеснува финансиското работење на земјоделците и ви овозможува да го плаќате вашиот персонален данок на доход еднаш во годината, без никакви дополнителни обврски за водење на деловни книги...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија