Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

18.12.2013
Земјоделци – Поднесување на барања за паушално оданочување до 31 декември
Доколку обавувате земјоделска дејност и вашиот приход во 2013 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Паушалното оданочување можете да го користите, без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање. Изберете едноставно решение, кое го олеснува финансиското работење на земјоделците и Ви овозможува да го плаќате персоналниот данок на доход еднаш во годината, без никакви дополнителни обврски за водење на деловни книги...
 
11.12.2013
Прво место за веб страницата на УЈП во категоријата на државни институции за „Најдобар сајт за 2013“
На манифестацијата „Сајт на годината 2013“, која се одржа на 10.12.2013 година во Кино Фросина во Скопје, веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk го освои првото место во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции. Изборот „Сајт на годината" кој се организира по четврт пат има за цел да придонесе кон развојот на домашните веб-страници и да додели сертификати и признанија на луѓето кои работат во развојот на онлајн-медиумите во земјава...
 
25.11.2013
Даночна академија - Работилница „Методи и процедури на примена на трансферни цени“
Скопје - На 20 и 21 ноември 2013 година, во х. Арка, Даночната академија во соработка со Инструментот за техничка помош и размена на информации - TAIEX одржа работилница на тема „Методи и процедури на примена на трансферни цени “...
 
18.11.2013
За отпис на камати од социјални придонеси – Поднесете барање до УЈП до 31 декември
Подносителите на пресметки на бруто-плата (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице и државна институција) имаат можност да им бидат отпишани неплатените камати по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година. Најдоцна до 31 декември 2013 година, поднесете Барање за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БОК-ПЗСО), до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи кон која припаѓате...
 
12.11.2013
Промовирана „Информатичко форензичката лабораторија“ на УЈП
Информатичко форензичката лабораторија на Управата за јавни приходи е изградена по најсовремени стандарди, која функционира во рамките на Генерален даночен инспекторат - Инспекторат за специјални контроли. Во лабораторијата ќе се врши испитување на информатичките системи и опрема кај даночните обврзници и утврдување дали постоеле постапки за финансиски малверзации и даночни затајувања. Со спроведување на форензичките процедури, специјално обучените даночни инспектори ќе вршат увид на дигиталните податоци во електронските деловни книги и другите евиденции кај даночниот обврзник, дали истите биле бришени или уништувани, реконструкција на изменетите и избришани податоци кои ќе се користат во водењето на постапките против сторителите...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија