Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

23.12.2010
Од 1 јануари – Прагот за регистрација за целите на ДДВ зголемен на 2 милиони денари
Ги информираме даночните обврзници дека од 1 јануари 2011 година, ќе се применува новиот праг за регистрација за целите на ДДВ од 2.000.000 денари, наместо досегашниот од 1.300.000 денари. Задолжителниот праг ќе важи за сите даночни обврзници кои во текот на 2011 година ќе остварат промет над 2.000.000 денари, почнувајќи со месец Јануари. Во функција на усогласување со законските измени, донесена е и нова Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01”) ...
 
15.12.2010
Самостојни вршители на дејност - Пријавете се за паушално плаќање на персоналниот данок до 31 декември
Граѓанинот кој обавува самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др), а кој не е во состојба да води деловни книги или на кого водењето на деловните книги му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2011 година да го плаќа според паушално утврден нето приход ...
 
14.12.2010
До 31 декември - Поднесување на Барање за паушално плаќање со персоналниот данок за земјоделците
Земјоделецот кој обавува земјоделска дејност или истата ја врши како дополнително занимање и остварил вкупен приход во 2010 година до 1.300.000 денари, данокот може да го плаќа според паушално утврден приход, само доколку до 31 декември 2010 година поднесе барање до Управата за јавни приходи. Можноста за паушално оданочување е од посебна важност за земјоделците како даночни обврзници, кои поради карактерот на самата дејност во голем процент не се во можност да водат деловни книги ...
 
10.12.2010
УЈП отпочна со даночна едукација на младите
Даноците се лесно четиво, доколку го научиш! За да создадеме предуслови за градење на социјално-свесни и совесни даночни обврзници, Управата за јавни приходи од декември 2010 година отпочнa со имплементација на Проектот „Фискална едукација на младите“ кој ќе се спроведува во средните училишта низ цела Македонија. Основната цел е елиминирање на неинформираноста на младите за потребата од плаќање на даноците, но пред се нивно запознавање со основните права и граѓански должности кои ги имаат како даночни обврзници...
 
02.12.2010
Демант - „СДСМ“ (Однесувањето на Владата ги загрозува фирмите и работните места на вработените во тие фирми)
Бидејќи говорот на Трајковски, во целост беше проследен од страна на камерите и претставниците на медиумите, ја информираме целокупната јавност за тоа што беше изнесено во говорот на директорот Трајковски, а тоа е дека „повратот на ДДВ е во рамки на законски предвидениот рок од 30 дена“, а притоа детаљно и нашироко пред претставниците на бизнис зедницата беа изнесени и ставовите на УЈП за “вистинските состојби за кризата“ ...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија