Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
06.02.2013
Скопје – На 6 февруари 2013 година директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски и директорот на Академијата на судии и јавни обвинители, судија Анета Арнаудовска потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува заложбата и интересот за заеднички придонес за зајакнување на капацитетите на судството, како еден од главните приоритети за членство на Македонија во Европската Унија. Меѓусебната соработка на двете академии е во насока на обезбедување на соодветна примена на даночните закони и размена на искуство во делот на даночната пракса, која ќе се остварува преку...
|
|
01.02.2013
Република Македонија е единствена држава од Југоисточна Европа и една од малкуте држави во светот која имплементира Надзорен информативен систем (НИС) за следење на прометот кај приредувачите на посебните игри на среќа. Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на РМ“, бр.74/12), приредувачите на посебни игри на среќа: казина (за автоматите), автомат клубови и обложувалници, имаат обврска од 1 јануари 2013 година да обезбедат Надзорен информациски систем (НИС) кој ќе биде поврзан со Управата за јавни приходи. Станува збор за ИТ решение кое централно ги регистрира уплатите и исплатите од игрите на среќа во сите деловни единици на приредувачот и кое е он-лине поврзано со информацискиот систем на УЈП...
|
|
30.01.2013
Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2013 година изнесува 30.595 денари. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2013 година изнесува 15.298,00 денари (50% од 30.595,00), додека највисока основица изнесува 183.570,00 денари (6 x 30.595,00). Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2013 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата...
|
|
28.01.2013
Последните податоци на УЈП покажуваат дека новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година, месечните ДДВ обврзници навреме и успешно ја завршија, со мал процент на исклучоци. Од вкупно 4584 фирми кои имаа обврска до 23.59 часот на 25 јануари да достават ДДВ пријава по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ на УЈП, 124 месечни ДДВ обврзници не презеле никакви чекори и не се усогласиле со новиот начин на електронска комуникација со УЈП, односно воопшто не се регистрирале за користење на е-даночните услуги со дигитален сертификат на USB токен.
|
|
25.01.2013
Денес /25.01.2013/ истекува рокот за поднесување на ДДВ-пријавите до УЈП, со кој и официјално отпочна да се применува новата законска обврска за месечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година. Според последната евиденција на УЈП, од вкупно 4594 месечни ДДВ обврзници, само 186 фирми се немаат регистрирано за користење на е-Даноци. Користејќи ги бенефитите од електронската комуникација, фирмите кои сеуште не се усогласиле и кои не поднеле ДДВ пријава до УЈП, истото ќе можат да го сторат во текот на денешниот ден најдоцна до 23.59 часот, со што ќе се смета дека ја исполниле својата законска обврска во пропишаниот рок...
|
|
|
|
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија
|