|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
|
|
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
19.08.2010
Во врска со прилогот „УЈП ја заплени Градската аптека во Трговскиот центар“, објавен на 18.08.2010 година во вестите на А1 во 19.00 часот, Управата за јавни приходи остро реагира на изнесените погрешни информации за случајот Градски аптеки. Постапката за присилна наплата не е завршена експресно за само еден ден, како што се вели, туку напротив трае речиси една година, од 2009 година ...
|
|
26.07.2010
Со најновите измени на Законот за данокот на добивка, од 7 јули 2010 за исплатените дивиденди и други исплати од добивка, даночниот обврзник покрај обврската за поднесување на образец “ДД-ИД“, потребно е до УЈП да достави и прилог пресметка со која ќе се разграничи исплатената дивиденда кон правните лица - резиденти на РМ и исплатите кон странски правни лица и физички лица - резиденти и нерезиденти на РМ. За начинот на пополнување на прилогот „Пресметка кон образец ДД-ИД“ ...
|
|
23.07.2010
Поради честите јавувања од страна на обврзниците за начинот и постапката за промена, односно издавање на нов Код за идентификација за пресметка на бруто-плата на кој му истекува важноста, УЈП ги дава следните препораки: 1) Проверете кога истекува важноста на вашиот код за идентификација според дадените упатства и 2) Со цел да не дојде до пречки при поднесување на пресметките на бруто-плата, пред истекот на валидноста на постоечкиот код, поднесете барање за издавање на нов код (образец БКИ-ИН). Во истиот момент на поднесување на Барањето, УЈП ќе ви додели нов код за идентификација.
|
|
19.07.2010
Со најновите законски измени во делот на данокот на додадена вредност, повластената даночна стапка од 5% на прометот и увозот на земјоделската механизација ќе продолжи да се применува се до пристапувањето на Република Македонија во членство на Европската Унија.
|
|
16.07.2010
Управата за јавни приходи изготви ново Упатство за начинот и постапката за враќање на данокот на додадена вредност на посебни субјекти – ДДВ 104 кое стапува во сила од 14 јули 2010 година. Исто така, извршена е промена на постоечките барања за враќање на ДДВ-то на посебните субјекти, односно обрасците ДДВ-11, ДДВ-12, ДДВ-13, ДДВ-14 и ДДВ-Б21.
|
|
|
|
|
|
|