Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Персонален данок

Електронска пресметка на аконтација на данокот (е-ППД)

Почнувајќи од 01.01.2018 година, за одделните приходи кои ги остваруваат во земјата и во странствово текот на календарската година, а се оданочуваат со персонален данок на доход (ПДД), даночните обврзници имаат обврска да изготват и поднесат Електронска пресметка на аконтација на данокот (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку e-pdd.ujp.gov.mk во законски предвидените рокови.
За повеќе информации во врска со новиот начин на пресметување и плаќање на персоналниот данок e-pdd.ujp.gov.mk преземете ја Брошурата „Пресметување и плаќање на е-Персонален данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/67).

Годишна даночна пријава

За приходите кои граѓанинот ги остварил во 2017 година, има обврска да поднесе Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) до 15.03.2018 година, до надлежната даночна канцеларија на УЈП или преку системот е-Даноци.

УЈП ќе издава пополнета Годишна даночна пријава од 2019 година
Врз основа на сите податоци за исплатените приходи (плата, регрес, дивиденда и сл.) од страна на исплатувачите во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година и за приходите кои граѓанинот ги остварил од други физички лица и од странство, како и за приходите од вршење дејност кои се оданочуваат според вистински доход и паушално утврден приход, УЈП ќе изготвува и доставува пополнета Годишна даночна пријава до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година. Пополнетата Годишна даночна пријава граѓанинот ќе може да ја преземе и од системот e-pdd.ujp.gov.mk по претходна регистрација на истиот. Граѓанинот ќе има обврска пополнетата Годишна даночна пријава да ја потврди или да ја корегира најдоцна до 31 мај 2019 година.

Видови приходи - Оданочување со персонален данок и даночни поттикнувања

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија