Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Интервјуа
Година Медиум  

08.11.2007
Амнестиран капитал е само оданочен капитал!
ИНТЕРВЈУ СО ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - На Македонија и е потребен постојан фронт во борбата против криминалот, корупција и неплаќачите на данок. Фронтот е отворен и треба да се издржи. Управата за јавни приходи мора да ги зацементира своите позиции во таа борба. Обвинувањата дека оваа борба е акцијашка, политичка или сталинистичка се нормални и очекувани. Без разлика, кој и да е тој што ја отвора таа борба ќе наиде на истите обвинувања. Она што за мене е најбитно е дека таа борба е широко поддржана од македонската јавност. Апсолутно не ме допираат тврдењата и прозивките кои доаѓаат од политички штабови, невладини организации, експерти, преку медиумите ... , вели првиот човек на Управта за јавни приходи Горан Трајковски во интервјуто за “Капитал”.
 
22.09.2007
СДСМ намерно не го реши случајот„Станови на Груевски“
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - И по една година не можам да откријам кој во УЈП го водел предметот „Станови на Груевски“, под кој архивски број е, кој ги праќал поканите и зошто некој презел такви дејства што воделе кон неуспех на постапката, па предмет од 2004 година јас да го работам во 2007 година.
 
27.04.2007
Црвенковски не плаќа данок за фамозниот стан од 60 квадрати
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УЈП - Директорот на УЈП, Горан Трајковски за една категорија на граѓани од 15 мај ќе биде најомразената личност. Не ќе можете да очекувате дека Бранко Црвенковски или Тоше Проевски ќе му простат што таквите „икони„, таму некојси бирократ, ги посочил како даночни забушанти. Оваа категорија на криминал во ЕУ и САД се смета за најстрашен криминал за кој не следува опрост. Дотолку полошо, ако се работи за ВИП индивидуа. На Горан Трајковски, ете, му припадна честа да ја стратува даночната лустрација по која граѓаните ќе видат од каков материјал бил изграден угледот на многу важни личности, кој се` ни е сиромашен како стечаец, иако живее во палати, располага со бесни автомонили, летува на Сејшели. Многу митови за честитост и углед ќе рокнат во кал. Директорот на УЈП вели дека времето во даночната сфера ќе се мери до и по 15 мај за кога ја најавува листата со ВИП даночни затајувачи. Вели дека црните пари се како настинка - те чешаат и, кога - тогаш, ќе мора да ги искиваш. А даночниците се тука со поставена законска заседа. Управата на чие чело се наоѓа, ќе ни овозможи да видиме каква сиромаштија владее меѓу судиите, професорите, клирот, естрадните уметници, новинарите, докторите, банкарите, деловните луѓе. Од разговорот со него заклучувам дека Трајковски не одговара на стереотип за сувопарен даночник, мрачен и затворен службеник кој нема пријатели ни меѓу своето семејство. Напротив, тој е отворен за комуникација и директен во презентацијата. Не е напорен, не е досаден и не е оптоварен со својата позиција. Тоа покажува дека се работи зёа личност које е сигурна во себе и сосема владее во сферата во која ја гради својата кариера. Може да се рече дека е вистински човек на вистинското место во овој момент кога Македонија треба да стане правна држава.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија