Memorandum_mk
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Јануари
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јануари
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Јануари   ДДВ-01Б Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 3 или 2 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на (образец “ДДВ-01Б”), само со исполнување на пропишаните законски одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.
до 15-ти Јануари   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на (образец “ДДВ-01”).
до 20-ти Јануари   ДД-07 (со ГПРС) Фирми Ако набавите и воведете во употреба до10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете (образец “ДД-07”), заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“).
до 20-ти Јануари   ДЛД-02 Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете (образец “ДЛД-02”), заради користење на даночно олеснување од данок на доход во Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ“).
до 25-ти Јануари   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на (образец “ДДВ-04”) по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ДД-БС Фирми Преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, поднесете образец Барање-согласност за признавање на расход во даночен биланс (образец "ДД- БС") во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија