Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

29.01.2015
БРУТО ПЛАТА 2015 - НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ
Просечната плата по работник во Р.Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2015 година изнесува 31.644 денари. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 15.822,00 денари (50% од 31.644), а највисока основица изнесува 189.864,00 денари (6 x 31.644). Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер (МПИН) од 28.01.2014 година, која го содржи новиот параметар...
 
29.01.2015
Можност за поднесување на годишни извештаи за персонален данок и барање за паушално оданочување на земјоделците до понеделник / 2 февруари
Рокот за поднесување на годишните извештаи за персонален данок (обрасците ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ЗП и ПДД-ГИ/ОЦО) и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец ПДД-ПЗ) е 31-ви јануари. Бидејќи последниот рок паѓа во сабота (неработен ден), потсетуваме дека согласно законот обрасците ќе можат да се поднесуваат и на 2-ви февруари 2015 година (понеделник), како прв работен ден.
 
28.01.2015
ВО БИТОЛА ОШТЕТУВААТ ВОЗИЛА НА УЈП, НО И НЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ
12 тима на даночни инспектори, во текот на вчерашниот ден извршија акциска контрола во над 50 објекти на подрачјето на Битола и Прилеп. По неодамнешниот инцидент во Битола каде непознати сторители оштетија шест службени возила, УЈП јавно најави дека ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретната општина и подрачје работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, што се потврди и со наодите за нерегистрирање на готовинските плаќања...На вкупно 23 правни лица и одговорните лица (Битола – 11 и Прилеп – 12) кои работеле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречени се глоби во вкупен износ...
 
27.01.2015
Уште пет дена за воведување на фискален апарат со ГПРС уред
Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската. Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања...
 
26.01.2015
Возилата на УЈП, мета на вандали во Битола
Вчера/25 јануари 2015 година, во Битола, од засега непознати сторители вандализирани се 6 службени возила на УЈП - Регинална дирекција Битола. Од страна на СВР Битола направен е увид на лице место при што е констатирано дека со остар предмет се оштетени 15 гуми на службените возилата паркирани пред зградата на УЈП Битола. Се преземаат опсежни мерки за откривање на сторителите...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија