Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Проекти

Наслов и цел на проект Период на имплементација Статус
Министерство за финансии на САД – „Управа за јавни приходи и Царинска управа на Северна Македонија (УЈП/ЦУ) и Министерство за финансии на САД-Канцеларија за техничка помош (ОТА) - Програма за политика и администрација за приходи“.
Проектот се реализира во соработка меѓу Управата за јавни приходи и Царината, кои имаат посебни компоненти како и заеднички активности.
Вредност: /
Цел: Целта на овој проект е да се зајакне капацитетот на Управата за јавни приходи за зголемување на доброволната усогласеност и мобилизацијата на домашните ресурси преку техничка помош во: 1) Капацитетот на даночниот инспекторат, 2) Управување со долг, 3) Услуги на даночни обврзници, 4) Управување со проекти , 5) Антикорупција и 6) Човечки ресурси, обука и развој.
2023-2027 Во тек

Светска банка - „Градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија“ (финансиран од Светска банка и Европската Унија)
Проектот се реализира во соработка меѓу Управата за јавни приходи, Министерството за финансии и Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања при Генералниот секретаријат на Владата, кои имаат посебни компоненти.
Вредност: 24.900.000 ЕУР
Цел: Целта на проектот е да се подобри ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи и да се зголеми ефективноста на управувањето на приходи.

2023-2027  
УНДП - „Поддршка на реформите за управување со јавните финансии“, која ја спроведува УНДП со финансиска и експертска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка и Aгенцијаta за меѓународна развојна соработка на Словачка.
Проектот се реализира во соработка меѓу Управата за јавни приходи и Министерството за финансии.
Вредност: /
Цел: Активностите на проектот се насочени кон зајакнување на капацитетите на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи во процесот на автоматска размена на информации за даночни цели и на даночната администрација во делот на трансферните цени.
2022-2023 Во тек
ЕУ-ИПА Твининг Проектот на ЕУ “Подобрување на наплатата на приходите и даночната и царинската политика”
Вредност: 3.500.000,00 Евра
Цел: Основна цел на проектот е усогласување на даночното законодавство, во согласност со релевантното законодавство на ЕУ и најдобрите практики како и поедноставување на даночните процедури што ќе резултираат во подобрување на квалитетот на даночните услуги што им се нудат на граѓаните.
Проектот ќе трае 3 години, во период од месец јануари 2020 година до месец декември 2023 година, а земјите членки на Европската Унија, Австрија и Хрватска се Твининг партнери на Управата за јавни приходи.
2020-2023  Завршен
Проект „Нови методи за превенција, истражување и ублажување на корупцијата и даночниот криминал во ЕУ“ – PROTAX (финансиран од Европската Унија, Horizon 2020)
Вредност: /
Цел: PROTAX ќе придонесе за Европскиот модел на безбедност преку обезбедување решенија за превенција и гонење на даночниот криминал. Врз основа на анализа на тековните пристапи за спроведување на законот, правните рамки на ниво на земја-членка и длабоко емпириско истражување на човечките фактори, обликувањето на институционалните и професионалните практики на заинтересираните страни, а во соработка со оние кои ги применуваат PROTAX ќе развие алатки за носителите на безбедносните политики, агенциите за спроведување на законот и даночните власти.
Управата за јавни приходи учествува во проектот како член на Советодавниот одбор на проектот.
2018-2021 Завршен
Проект „Техничка поддршка за дефинирање на деловните барања, ре-инженеринг на деловните процеси за новиот интегриран Даночен ИТ систем“ (финансиран од Европската Унија, ИПА II / ЕУИФ 2014)
Вредност: 299.766 ЕУР (централизирано управување)
Цел: Подобрување на административниот капацитет на УЈП и натамошен развој на ефективни работни процеси на чија основа ќе биде изграден новиот интегриран ИТ систем, а истовремено ќе осигура намалување на трошоците за наплата на даноци и подобар квалитет на услуги кон даночните обврзници и трети страни.
2017-2019 Завршен

Проект „Систем за евалуација на ризици - РЕС“ (донација од Австриската агенција за развој и WedoIT-Solutions GmbH)
Вредност: 360.000 ЕУР
Цел: Воспоставување на објективна и точна селекција на даночни обврзници за контрола, преку имплементација на софтвер и унапредување на процесот на анализа на ризик во надворешната контрола и управувањето со ризикот на усогласеноста кај даночните обврзници. 
2017-2018 Завршен
Проект „Набавка на ИТ опрема за зајакнување на капацитетот на Контакт центарот/Повикувачкиот центар на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА II / ЕУИФ 2014)
Вредност: 229.675 ЕУР (централизирано управување)
Цел: Обезбедување на соодветни средства за воспоставување на ефективни методи за информирање и алатки за комуникација со цел обезбедување на подобри услуги на даночни обврзници и околина прилагодена на потребите на корисникот, во рамките на новиот Контакт центар / центар за повици.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167
https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support
2017-2018 Завршен
Проект „ППФ Рамковен договор - Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок на доход за даночни обврзници – физички лица” (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I)
Вредност: 93.730 ЕУР (децентрализирано управување)
Цел: Поедноставување на процедурите за правните лица преку намалување на административните процедури и трошоците поврзани со пресметката и плаќањето на даноците, како и за даночните обврзници – граѓани со обезбедување повисоко ниво на сигурност дека персоналниот данок на доход е платен од страна на правните лица и намалување на административниот товар поврзан со поднесувањето на даночни пријави од страна на обврзниците - физички лица.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/168
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/66
2016-2018 Завршен
Проект „Набавка на мобилни даночни шалтери“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I) Вредност: 89.740 ЕУР (децентрализирано управување)
Цел: Обезбедување присуство во општините каде не постои економска оправданост за воведување на постојан даночен шалтер на УЈП и ефикасно обезбедување услуги за даночните обврзници во општините во Република Македонија.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167
https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support
2016-2017 Завршен
  Проект „Набавка на интегриран систем за Контакт центарот на УЈП - хардвер и софтвер“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I)
Вредност: 118.800 ЕУР (децентрализирано управување)
Цел: Воведување на модерно ИТ решение (софтвер и хардвер) за Контакт центарот на УЈП со кое ќе се подобри работната околина на новиот Контакт центар на УЈП и ќе се обезбедат нови услуги за даночните обврзници како: приемни канцеларии и канцеларии за подршка; ИТ Инфо точки; Инфо табла за брз и едноставен пристап до даночни информации, База на знаење итн.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167
https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support
2016-2017 Завршен

Проект „Набавка на систем за чекање за Контакт центарот на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I)
Вредност: 16.625 ЕУР (децентрализирано управување)
Цел: Обезбедување на систем за чекање и управување со клиентите и услугите достапни на 16 услужни шалтери поставени во централниот дел во новиот и реновиран Контакт центар на УЈП, како и воспоставување ефикасен мониторинг систем за броење посети, аналитика за дадени услуги по тип, број и фрекфенција, кои би се користеле како индикатор за перформансите на Контакт центарот на УЈП.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167
https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support

2016-2017 Завршен

Проект „Набавка на канцелариски мебел за Контакт центарот на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2012 / ТАИБ I)
Вредност: 48.473 ЕУР (децентрализирано управување)
Цел: Подобрување на работната околина во новите простории на Контакт / Повикувачки центар на УЈП.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167
https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support

2016-2017 Завршен
 

Твининг проект „Подобрување на услугите на Управата за јавни приходи кон даночните обврзници“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2010 / ТАИБ I)
Вредност: 800.000 ЕУР (децентрализирано управување)
Цел: Зајакнување на квалитетот на услугите кон даночните обврзници преку воспоставување на ефективни комуникациски методи и комуникациски алатки; зајакнување на партнерството помеѓу даночните обврзници и даночните службеници; еднаква интерпретација на даночните закони и воспоставување на пријателска атмосфера преку подобрување на постојниот Контакт/Повикувачки центар и подобрување на услугите кои се обезбедуваат преку даночните шалтери.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167
https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/148
https://www.youtube.com/watch?v=hsi4_ZZ4niI&index=4&list=PL0bjyMc-GYpmoFdalyTytAMfyoEBS7xE1&t=6s
http://www.sep.gov.mk/content/?ID=554#.VO3FGSwTMbY
https://www.iota-tax.org/news/improving-public-revenue-office-taxpayer-services
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/pdf/financial_assistance/institution_building/2016/news/tw_news_near_01.pdf

2014-2016 Завршен
 

Проект за изведување градежни работи „ Реновирање на приземјето на УЈП - Регионална дирекција Скопје со цел да биде новиот Контакт/Повикувачки центар на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2010 / ТАИБ I)
Вредност: 235.710 ЕУР (децентрализирано управување)
Цел: Обезбедување на нов модерен простор и работна околина за Контакт/Повикувачки центар на УЈП, кој ќе овозможи воведување на нови кориснички ориентирани услуги за даночни обврзници.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/63
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/167
https://www.iota-tax.org/news/public-revenue-office-new-contact-center-and-improved-tax-services-eu-support
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/518
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/44
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/558

 2014-2016  Завршен
 

Проект „ГПРС фискализација“
Цел: Воведување на фискален систем на опрема со ГПРС уред за секојдневна електронска размена на податоци помеѓу информацискиот систем на Управата за јавни приходи и фискалниот систем на опрема (ФСО) на даночниот обврзник.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/109
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/472
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/478

2014-2015 Завршен
Проект „ППФ Рамковен договор - Изработка на студија за ИТ Системот на УЈП“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2009 / ТАИБ I)
Вредност: 177.887 ЕУР (децентрализирано управување)
Цел: Анализа и оценка на тековната состојба на ИТ системот на УЈП и изработка на детална студија со поставување на стандарди, препораки и мерливи показатели, со цел да се обезбеди функционален ИТ систем на УЈП во согласност со ИТ системите на даночните администрации на земјите - членки на ЕУ.
Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/110
2014 Завршен
 

Проект „е-Радиодифузна такса“ и мобилна апликација мTax
Цел: Воведување на електронско плаќање и проверка на состојбите за Радиодифузна такса (РДТ) преку системот е-Даночни сервиси и на мобилна апликација мTax за увид во евиденцијата и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/519
http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/59

2014 Завршен
 

Проект „е-Промена на податоци“

Цел: Воведување на услуга „е-Промена на податоци” за фирмите (2012) и граѓаните (2014), со цел брза и едноставна промена на податоци кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП, преку телефонско јавување во Инфо центарот на УЈП. 
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/86

http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/104
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/1015
2012-2014 Завршен
 

Проект „Надзорен информациски систем за следење на прометот кај приредувачите на посебните игри на среќа“
Цел: Воведување на Надзорен информациски систем (НИС) - ИТ решение кое централно ги регистрира уплатите и исплатите од игрите на среќа во сите деловни единици на приредувачот и кое е он-лајн поврзано со информацискиот систем на УЈП, кое ќе овозможи УЈП во секое време да располага со точни и вистинити податоци за остварениот промет (уплати и исплати) од игрите на среќа во сите деловни единици кај приредувачот, како и реално оданочување на добивките кај казината (за автоматите), автомат клубовите и обложувалниците преку воведувањето на посебна давачка од 20% на разликата на вкупно примените уплати и вкупно исплатените добивки од игрите на среќа, наместо месечни паушали и надоместоци во фиксен износ кои ги плаќаа овие приредувачи.
Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/367

2013 Завршен
 

Проект „е-Даноци за физички лица“
Цел: Испораката на нови и развој на постојните е-услуги за даночните обврзници, со цел намалување на административните трошоци, зголемување на доброволната наплата на даноците и поедноставување на даночните постапки за бизнисите, но и за граѓаните како најголема и специфична група на даночни обврзници. е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk е првата електронска услуга на јавната администрација во Република Македонија која од 01.06.2006 година беше ставена во функција за големите компании, од 15.07.2008 година е достапна за средните и мали даночни обврзници, а со проширувањето на електронсите даночни услуги за граѓаните (поднесување на даночни пријави преку интернет) треба да се заокружи достапноста на е-даночните услуги за сите даночни обврзници.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/72
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/296

2011-2012 Завршен
Проект за техничка поддршка „Поддршка на даночната реформа“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2007 / ТАИБ I)
Вредност: 1.400.000 ЕУР (централизирано управување)
Цел: Подобрување на перформансите на Управата за јавни приходи и Министерството за финансии за наплата на даноци, услуги кон даночни обврзници, зајакнување на институционалниот капацитет за наплата на даноци и борба против корупција преку натамошно хармонизирање на правната рамка со ЕУ стандардите, релевантните регулативи, мерки и директиви.
Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/256
2011-2012 Завршен
 

Проект „Модернизација на Управата за јавни приходи“
(финасиран од Холандската Влада, а реализиран со техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд во соработка со Холандското Министерство за финансии)

Цел: Издигнување на капацитетите на УЈП во процесот на наплата на даноците, од аспект на мобилизирање на дополнителни средства за поддршка на приоритетните државни расходи наменети за обезбедување на социјални и инфраструктурни услуги, како и воспоставување еден нов концепт на даночна администрација кој што се заснова на обезбедување на највисоко ниво на услуги за даночните обврзници, правична наплата и добро управување.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/5
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/34
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/56

2007-2011 Завршен
  Проект „Електронски јавни аукции e-aukcii.ujp.gov.mk“
Цел: Поедноставување, намалување на административните трошоци и поголема транспаретност на постапките на присилна наплата и на продажба на запленетиот имот од страна на УЈП. 
Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/71
2011 Завршен
 

Проект „Центар за складирање и впаричување на запленети движни ствари“
Цел: Модернизација и зголемување на ефикасноста на деловните процеси поврзани со постапките на присилна наплата на даночните долгови. Основната функција на центарот е на едно место да се сместуваат, да се чуваат и од едно место да се располага со стварите кои Управата за јавни приходи ги запленува во постапките на надворешна контрола и на присилна наплата, функција која досега беше децентрализирана.
Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/61

2011 Завршен
Проект за изведување градежни работи „Реновирање на Регионална дирекција Штип“ (финансиран од Европската Унија, ИПА 2007 / ТАИБ I)
Вредност: 85.000 ЕУР (централизирано управување)
Цел: Воспоставување на функционална канцелариска околина и подобри услуги кон малите и средни даночни обврзници во Регионална дирекција Штип.
2011 Завршен
  Проект „Набавка на канцелариска и ИТ опрема за Регионална дирекција Штип” (финансиран од Европската Унија, ИПА 2007 / ТАИБ I)
Вредност: 315.000 ЕУР (централизирано управување)
Цел: Воспоставување на функционална канцелариска околина и подобри услуги кон малите и средни даночни обврзници во Регионална дирекција Штип.
 2011 Завршен
Твининг лајт проект „Реформа во даночната администрација” (финансиран од Европската Унија, ИПА 2007 / ТАИБ I)
Вредност: 200 000 ЕУР (централизирано управување)
Цел: Зајакнување на административните капацитети на УЈП во областа на истрагите и борбата против даночната евазија преку обука на вработени и подобрени комуникациски канали.
Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/214
2010 Завршен
 

Проект „Контакт центар“
Цел: Модерен систем на услуги на клиенти кој обезбедува оптимална комбинација на комуникациски канали и развојни решенија за поддршка на новите методи на даночна услуга.
Контакт Центарот е организиран на национално ниво и вклучува услуги на директен пристап и контакт со клентите, како и национална телефонска мрежа - повикувачки центар. Како нова организациска единица која обезбедува потребно ангажирање на ресурси во корист на клиентите, Центар претставува дел од централизираните функции на УЈП. Реализацијата на Проектот е потпомогната од Турската администрација за развој и соработка (ТИКА) која го финансираше канцелариското опремување на објектот.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/19
http://vecer.mk/ekonomija/ujp-so-nov-kontakt-centar

2009 Завршен
 

Проект „Интегрирана наплата на социјалните придонеси и персоналниот данок на доход“
Цел: Воведување на принципот на бруто-пресметка на плата и систем на интегрирана наплата на персоналниот данок и придонесите од задолжително социјално осигурување, односно едношалтерскиот систем за администрирање со бруто-платата со што УЈП станува надлежен орган за наплата и контрола на сите давачки од плата, и тоа: персоналниот данок на доход, придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, придонесот за здравствено осигурување и придонесот за осигурување во случај на невработеност. Системот треба да обезбеди сигурност и навременост на процесите и точна информација за сите - за вработените, за исплатителите, за УЈП, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување и за банките, и да се осигурува поголем квалитет и пониски трошоци на работењето на сите инволвирани институции, а особено на работодавачите и другите исплатители на плати, но и поголема заштита на социјалните права на вработените.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/69
http://www.ujp.gov.mk/e/vodic/category/859

2008-2009 Завршен
 

Проект „Централизирана обработка на податоци (ЦОП)“
Цел: Централизацијата на обработката на податоците и примена на модерните начини на обработка на даночните пријави што ќе овозможи напуштање на месната надлежност на УЈП и воспоставување на единствен начин на утврдување на даноците за даночните обврзници, градење квалитетна база на податоци, што е и основа за еднаков и праведен третман на даночните обврзници.
Корисни линкови:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/3
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/galerija/pregled/3
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/33

2007-2008 Завршен
 

Проект „Кодекс на етика на даночните службеници“
Цел: Донесување на нов Кодекс на етика кој треба да обезбеди почитување на усвоените принципи, законитоста, професионалниот интегритет и ефикасноста на даночните службеници, како и градење на транспарентна јавна управа со квалификувани и професионални даночни службеници на сите нивоа.
Корисни линкови: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/38

2007-2008 Завршен

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија